Вкупно 78% од граѓаните сметаат дека државата е во политичка криза - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вкупно 78% од граѓаните сметаат дека државата е во политичка криза PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 19 prill 2021 14:36

Малцинство од граѓаните (42,0%) имаат доверба во Владата, а меѓу нив, побројни се етничките Албанци (61,8%) и припадниците на другите заедници (51,5%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“ спроведено од агенцијата М-Проспект во периодот од 17 до 24 март 2021 година на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

Decent Work and Economic Growth

Околу три четвртини од граѓаните се согласни дека земјата е во политичка криза. Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (87,6%) и неопределените (78,6%) се побројни меѓу нив. Прашани за тоа што сметаат дека е решението за надминување на политичката криза, најголем број од граѓаните, односно 36,0% рекле дека тоа се предвремените парламентарни избори. Околу ¼ веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата, додека за 15,7% решението е формирање широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Гледано од перспектива на етничката припадност, етничките Македонци почесто го бирале одговорот „предвремените парламентарни избори“ (42,4%), а етничките Албанци повеќе веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата (47,0%).

doverba vo vladaИмајќи ги предвид дискусиите за вклучување на етничката припадност во личните карти, граѓаните беа прашани за нивниот став во врска со тоа прашање. Тие се поделени, односно, 49,7% се согласуваат со вклучување на етничката припадност во личните карти, а 48,7% не се согласуваат. Поддршката е поизразена кај етничките Албанци (83,5%) и припадниците на другите заедници (77,3%).

Уште две прашања беа вклучени во анкетата: пописот и односите со Бугарија. Резултатите покажа дека мнозинство од граѓаните не веруваат (60,8%) дека пописот на населението ќе се спроведе со соодветен квалитет. Побројни меѓу нив се етничките Македонци (69,5%). За половина од граѓаните, односите со Бугарија се развиваат во негативен правец (53,6%). Разлики во ставовите има на основа на етничката припадност и кај симпатизерите на политичките партии. 

 

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Вкупно 78% од граѓаните сметаат дека државата е во политичка криза