Граѓанскиот ресурсен центар продолжува со обезбедување на поддршка на организациите |
E enjte, 18 shkurt 2021 13:06 | |||
Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, до крајот на септември 2021 година продолжува со обезбедување на поддршка за граѓанските организации. Делегацијата на Европската Унија го одобри продолжувањето на проектот следствено исполнетите активности и овозможената поддршка кон граѓанските организации изминатиот период, а со цел искористување на заштедените средства поради кризата предизвиката од КОВИД-19 и префрлањето на сите настани онлајн. Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар – во наредните месеци ќе продолжи со редовните активности на поддршка за граѓанските организации преку информирање, обезбедување совети и насоки во различни области на делување на организациите. За жал, користењето на просториите на ресурсните центри сè уште е ограничено поради состојбата предизвикана од пандемијата, па како и досега ќе продолжиме со активно користење на онлајн платформата ЗООМ. Имајќи го предвид намаленото користење на просториите на ресурсните центри, канцеларијата во Скопје е префрлена во просториите на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), а канцеларијата во Гостивар е префрлена во просториите на Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) додека трае состојбата со КОВИД-19 и препораките на Владата за намалено организирање на настани во живо. Во периодот кој следи планирани се три обуки и менторска поддршка, активности со кои продолжуваме да работиме на градење на капацитети на граѓанските организации. Продолжуваме и со спроведување на дебати и други информативни настани за граѓанските организации како и посети на малите локални организации преку Мобилниот ресурсен центар. Ќе следи и годишна анализа за овозможувачката средина за функционирање на граѓанските организации во 2020 година. како и анализа на соработката и поддршката на локалните организации од единиците на локална самоуправа. Ова се само дел од активностите и поддршката што Граѓанскиот ресурсен центар ќе продолжи да им ја обезбедува на организациите до крајот на септември 2021 година. За повеќе информации следете ја веб страната на Граѓанскиот ресурсен центар и официјалната Фејсбук страна.
|