Резултатите од истражувањето најавуваат „тесни“ разлики меѓу учесниците на изборите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Резултатите од истражувањето најавуваат „тесни“ разлики меѓу учесниците на изборите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 25 qershor 2020 14:42

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма ги истражуваа ставовите на граѓаните за претстојните предвремени парламентарни избори кои се закажани за 15 јуни 2020 година, но и за други прашања. Наодите се презентирани во извештајот „Избори во време на Ковид-19“.

izbori 2020 anketa

Речиси половина од граѓаните (47%) сметаат дека државата се движи во погрешна насока, што е слично со проверката направена пред околу шест месеци (46,5%), а секој трети (34%) смета дека насоката е исправна. Мнозинство од граѓаните (56%) сметаат дека Владата успешно се справува со пандемијата предизвикана од коронавирусот иако, 40% не се согласуваат со тоа, односно смета дека тоа е неуспешно. Од нив, секој четврти граѓанин, (26%), воопшто не се согласува дека е успешно справувањето со Ковид-19.

Како и во многу претходни анкети, испитаниците во големо мнозинство (67%) изјавуваат дека ќе излезат на гласање, но вообичаено, излезноста во реалноста на самиот ден на избори е помала, па затоа, и сега треба да се земе со резерва ова изјаснување особено ако се има предвид дека оние што се сигурни дека ќе излезат на гласање се помалку од половината од испитаниците. Покрај тоа, за речиси половина од граѓаните (49%), актуелната ситуација со Ковид-19 ќе има влијание на нивната одлука дали ќе излезат на гласање на самиот изборен ден

Програмата на политичките партии ќе има најголемо влијание врз граѓаните (42%) при одлучувањето за кого ќе го дадат својот глас, а веднаш потоа – лидерот на партијата (36%). Кај етничките Албанци поважно е кој е лидерот, отколку каква е програмата. 

izbori vo vreme na korona stavovi na javnostaВо однос на темите, и овој пат, најважна е економијата (за 35% граѓани), потоа евро-интеграциите (23%) и членството во НАТО (12%), како и борбата против корупцијата и криминалот (11%). Со истражувањето беше направена проверка на ставовите на граѓаните за прашањето кое се актуелизираше пред овие избори, етнички Албанец за премиер. Според одговорите, тоа е неприфатливо за 3 од 4 граѓани (74%). Разбирливо, има голема поларизација по етничка основа, бидејќи за сличен процент кај етничките Албанци (73%) тоа е прифатливо. Од друга страна, за ниту еден етнички Македонец ова не е целосно прифатливо, додека само за 3% е донекаде прифатливо. 

Проверен е и рејтингот на политичарите и партиите пред почетокот на изборната кампања. Зоран Заев е се уште во водство со речиси 19% поддршка, следен од Христијан Мицкоски со 15% и Али Ахмети на стабилните 7%. Кај партиите, разликата меѓу водечките коалиции е 1,6 процентен поен, односно во рамките на статистичката грешка, што најавува неизвесен исход и не може да се прогнозира јасен победник на изборите на 15 јули. За коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ (заедно со БЕСА), би се определиле 23,5% од гласачите, додека за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ („Обнова“) 21,9% граѓани. Слично приближување има и кај партиите на етничките Албанци каде разликата меѓу ДУИ (6,4%) и коалицијата на Алијансата за Албанците со Алтернатива (5%) сега е само 1,4 пп. Ова веројатно ќе го направи уште понеизвесно и комплицирано составувањето на новата Влада, особено што може да се очекува и некои од другите партии/коалиции да освојат некое пратеничко место, а и се уште многу испитаници не се определени како ќе гласаат. 

Телефонската анкетата на која се темели овој извештај е спроведена во периодот од 16 до 21 јуни 2020 година од страна на агенцијата М-проспект на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници постари од 18 години. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1% со прифатливо ниво на доверба од 95%.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Резултатите од истражувањето најавуваат „тесни“ разлики меѓу учесниците на изборите