Извештај за управувачките практики за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за управувачките практики за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 04 qershor 2020 13:55

Автори: Милка Ивановска Хаџиевска
Дата: јуни 2020
ISBN: 978-608-4848-29-5

PDF: Izvestaj-za-upravuvachkite-parktiki-za-transparentnosta-i-otchetnosta-na-GO.pdf

Izveshtajot za upravuvachkite praktiki za transparentnosta i otchetnosta na gragjanskite organizacii

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од своето постоење посветено работи на зајакнување на  капацитети за отчетно и транспарентно работење на граѓанските организации. Преку стратешка ориентираност тежнееме да создадеме услови транспарентноста и отчетноста како врвни демократски вредности да се практикуваат и промовираат од страна на организациите..  

Со цел да се увидат тековните практики во земјата, подготвен е овој „Извештај за управувачките практики,  транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации“ со кој се идентификуваат управувачките структури, поделбата на функциите на органите во организациите, начинот на носењето на одлуки, организациското и административно работење, спречување на судир на интерес, финансиско работење, раководење со човечки ресурси, практики за известување, следење и вклучување на членството, итн. 

Наодите од анкетата се генерално задоволителни иако има простор за унапредување на праксата во повеќе области. На пример,  во областа за организациско работење речиси половина од организациите (49%) кои имаат стратешки план, немаат план за набљудување и оценување на стратегијата, а само една петтина (21%) имаат пишан документ за родова еднаквост. Додека пак, две третини (74%) од граѓанските организации во земјава одговориле дека во нивното здружение постои поделба на управните и извршните (менаџерски) функции, а истовремено повеќе од половина (56%) се изјасниле дека вработените, вклучувајќи го и извршниот директор, се членови на управните органи на организацијата со право на глас. 

Овој извештај ќе биде основа за развој на финансиски и едукативни програми и активности за зајакнување на управувачките капацитети на граѓанските организации, од кои директен бенефит ќе имаат пред се самите граѓански организации, но и општо граѓанското општество и јавноста. Дополнително, извештајот ќе придонесе кон исполнување на стратегиската цел 4 од Програмата за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2016-2020. 

Извештајот е дел од активностите на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) која се спроведува во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Извештај за управувачките практики за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации