Активностите на отворено се интегрален дел од училишната настава - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Активностите на отворено се интегрален дел од училишната настава PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 04 janar 2020 09:50

МЦМС минатата година изгради четири детски игралишта во „Рампо Левката“ во Прилеп; во подрачното училиште „Никола Карев“ во с. Алданци, општина Крушево; во „Ѓорче Петров“ во с.Ропотово, општина Долнени; како и во подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во с. Сопотница, општина Демир Хисар. 

20191127 114512 1

Децата од овие заедници во кои се одгледува тутун на располагање имаат најразлични реквизити како: нишалки, клацкалки, играчки на федер, тобогани, кули, динамички мостови и вртелешки. 

Мише Милошевски, раководител на одделението за ЛЕР од Демир Хисар, објасни дека во рударската населба во село Сопотница има 62 деца на возраст од две до 10 години кои го користат игралиштето. 

„Кога почнавме да работиме со проектот, луѓето беа скептични бидејќи мислеа дека се работи за некој предизборен маркетинг. Меѓутоа, за десетина дена проектот се спроведе и игралиштето веднаш почна да се користи на големо задоволство на жителите“, истакна Милошевски.

Учениците во ОУ „Рампо Левката“ во Прилеп покрај игралиште, добија и летниковец каде ќе можат да се дружат, но и да одржуваат дел од наставните часови. Директорката на училиштето, Менка Аџиоска, рече дека има голема разлика од претходната состојба кога во дворот имало обрасната трева и доста неискористена површина, во споредба со новата уредена инфраструктура. 

Буџетот изнесува речиси 2.5 милиони денари и истиот е донација од Сокотаб.

Од 2007 година МЦМС значително придонесува кон развојот на средините во кои се одгледува тутун преку подобрување на условите во училиштата. Досега реализирани се повеќе проекти во 20 различни училишта, со што над 5000 ученици и над 650 наставници учат и работат во здрава, функционална и модерна средина.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Активностите на отворено се интегрален дел од училишната настава