Практиките за отчетност од Јужна Америка пренесени кај нас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Практиките за отчетност од Јужна Америка пренесени кај нас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 31 janar 2020 00:00

„Отчетните и транспарентни граѓански организации се поотпорни на надворешни закани и имаат поголемо влијание во општеството“, истакна Анабел Круз, директор и основач наИнститутот за комуникации и развој од Уругвај и претседавач со одборот на ЦИВИКУС- Светската алијанса за граѓанско учество, на нејзината средба со соработниците на МЦМС  и грантистите на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.  Според неа, отчетноста може да послужи и како алатка за промоција и подобрување на легитимитетот и интегритетот на здруженијата.

IMG 20200131 125511

Круз ги сподели последните случувања во рамки на мрежата ЦИВИКУС и го пренесе нејзиното искуство во формирањето и водењето на регионалната мрежа од Јужна Америка „Rendir Cuentas“ (Биди отчетен). Мрежата ги промовира принципите на отчетност и транспарентност и ги поддржува организациите од Јужна Америка во процесот на само-оценување. Истовремено, Круз го поздрави формирањето на Мрежата за отчетност и транспарентот во Северна Македонија како исчекор кон успешно исполнување на принципите на добро владеење во граѓанскиот сектор.

Таа ја претстави и новата апликација за граѓански организации, Rendir APP, која е алатка за самооценка наменета за подобрување на нивната отчетност. Преку неа, на брз и лесен начин здруженијата можат да оценат колку се блиску до Глобалниот стандард на отчетност, како и да дознаат во кои области треба да се подобрат. Апликацијата може да се пополнува на македонски јазик, а насоките и препораките се добиваат веднаш по одговарање на сите прашања.

Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува МЦМС, а финансирана е од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Практиките за отчетност од Јужна Америка пренесени кај нас