Повик за учество на обука за лидерски вештини и техники - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за учество на обука за лидерски вештини и техники PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 28 nëntor 2019 09:48

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската Унија објавува Повик за учество на обука за лидерски вештини и техники за претставници на граѓански организации.

20191203 DFG povik za obuka liderstvo

Обуката за  лидерски вештини и техники има за цел да ги зајакне капацитетите на денешните но и идните лидери на граѓанското општество во земјата фокусирајќи се на следните елементи:

  • Концептот на лидерство во теорија и пракса;
  • Одговорно лидерство во граѓанските организации (интегритет, транспарентност, отчетност итн.);
  • Развој на лидерски вештини и техники важни за доловувањето на граѓанските организации внатре во организацијата и во надворешното опкружување.

Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.

Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување).

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

За оваа обука ќе се селектираат 20 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се одржи од 16 до 17 декември 2019 година во Велес.

 

Пријава за обуката и рок за пријавување

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата и пополнета да ја достават на следната е-маил адреса: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 9 декември (понеделник) 2019 година.

Пријава за дводневна обука Преземи пријава

 

Селекција на учесници

Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС.

 

Дополнителни информации

Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 6 декември 2019 година.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Повик за учество на обука за лидерски вештини и техники