Новиот број на „Граѓаните за промени“ со бројни граѓански иницијативи |
E premte, 18 tetor 2019 13:21 | |||
Цивика мобилитас денес го објави вториот број од списанието „Граѓаните за промена“, кој во фокусот го има граѓанскиот ангажман како движечка сила на општествените промени. Погледнете го магазинот на соодветниот јазик: Читајте за ХОПС кои ги едуцираа младите на Д-Фестивал за намалување на штетите од дрогите; за #МладиВоАкција кои со помош на Отворена порта ги мобилизираа нивните врсници и сограѓани да се приклучат во борбата против трговија со луѓе; за Петоци за иднината (Fridays for future) кои ја одбележаа „Неделата за иднина“; за седмиот роденден на „Лице в лице“ како единственото улично списание во земјава итн. Во преостанатите теми на магазинот можете да најдете повеќе информации за актуелните подвизи на граѓанскиот сектор како што е заживувањето на законот за пробација на „Зелена лупа“, за Отворениот ден на Владата за консултации со граѓанскиот сектор за Програмите за намалување на аерозагадувањето, за почетокот на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“ на ИДСЦС, итн. „Граѓаните за промена“ е списание за граѓанското општество и на граѓанското општество. Бидете дел од него, испратете ни информации за Вашите активности и резултати. Пишувајте, читајте и споделувајте за посилен граѓански сектор.
|