Четвртата средба за вмрежување на организациите со признанија за посебни постигнувања |
E shtunë, 01 dhjetor 2018 09:31 | |||
„Во последните две-три години иницијативите на граѓанското општество обезбедија опипливи промени во земјата што го потврди потенцијалот за зголемување на неговото влијание. Секако, свесни сме дека овие реформи се уште се далеку од очекувањата на граѓаните, но барем постои добра основа за дијалог и отвореност за соработка.“ Со овие зборови амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада ја отвори четвртата Средба за вмрежување на Цивика мобилитас, последна во оваа фаза на програмата. Вчера (30 ноември 2018 г.) се собраа 132 претставници на граѓанските организации поддржани од програмата во изминативе четири години, со цел да ги разменат искуствата и да ги презентираат промените кои тие ги постигнале досега. „Ова е најголемата програма за поддршка на граѓанските организации, односно програма која овозможила најширок опфат во историјата, што ме прави многу среќен“, рече Александар Кржаловски, националниот тим лидер на Цивика мобилитас. Тој ги сумираше резултатите на програмата кои вклучуваат над 2000 обуки за граѓанските организации, над 1800 истражувања на различни теми, над 500 дебати и дискусии, над 600 истражувачки стории итн. Емина Нурединоска, заменик национален лидер на тимот, ги презентираше предизвиците и научените лекции од оваа фаза на програмата кои се однесуваат на општеството и на самата програма. Поддршката овозможи да се зголеми буџетот кај 34 институционални грантисти, а во еден случај, тој е зголемен за дури седум пати. Петруш Тоинес, меѓународен тим лидер на програмата, зборуваше за заедничките вредности на заедницата Цивика мобилитас и за меѓусебната солидарност. Изненадувачки е фактот што 90% изјавија дека сакаат да останат во заедницата, дури и ако не добијат грант. Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата, ги воведе учесниците во концептот Оценка на корисници (Beneficiary assessment) кој се однесува на мерење на постигнувањата преку испитување на мислењата на корисниците. Денешниот ден беше затворен со 10 презентации во кои организациите ги претставија своите постигнувања пред аудиториумот и беа оценети од истиот. Истите беа наградени со суми од 3000 до 5000 швајцарски франци од страна на Цивика мобилитас како признание за нивните посебни постигнувања. Овие организации се: Центарот за граѓански комуникации, Геосфера, Полио плус, Црвен крст на град Скопје, Здружението на новинари, Сината птица, Коалиција Маргини, Рурална коалиција, Центар за климатски промени, Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација и Центарот за едукација и развој.
|