Организациите се запознаа со системите за квалитет во работењето - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организациите се запознаа со системите за квалитет во работењето PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 28 shtator 2018 15:00

„Многу ме радува што во Македонија постојат иницијативи и обуки кои го овозможуваат созревањето на граѓанските организации. Верувам дека само со добро структурирање ќе се овозможат хумани услови за општествен развој“, рече Вања Димитриевски од ХОПС за време на обуката за „Организациски развој и системи за обезбедување на квалитет“ која се одржа од 26 до 28 септември во Охрид.

Organizaciite se zapoznaa so sistemite za kvalitet vo rabotenjeto 1

Обуката им овозможи на 16 претставници на граѓанските организации да се запознаат со различните елементи на системите за обезбедување квалитет во работењето. Тие на интерактивен начин ги посочија најчестите дилеми со кои се соочуваат во нивното работење, а кои се однесуваат на транспарентноста, отчетноста и севкупниот организациски развој.

Сандра Соколенко, претставничката на Finance Think, рече дека е задоволна од пријатната атмосфера и начинот на предавање. „Материјалот ни беше пренесен на разбирлив начин со практични примери и токму тоа ќе ни овозможи да ги зајакнеме нашите организациски капацитети“, додаде таа.

Organizaciite se zapoznaa so sistemite za kvalitet vo rabotenjeto 2

Обучувачи беа Тина Дивјак, заменик-директор на Словенечката национална мрежа на граѓански организации (ЦНВОС), и Илина Нешиќ, директорка на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН). Со нивна помош, учесниците дознаа повеќе за системите за квалитет, а се запознаа и со Глобалниот стандард за отчетност на граѓански организации.

Оваа обука е дел од низата обуки кои ќе следат, а чија цел е подобрување на  спроведувањето на целиот систем на стандардите за добро управување на организациите.

Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општетсво – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансиски поддржана од Европската Унија. 


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Организациите се запознаа со системите за квалитет во работењето