„Отвореното владино партнерство ги има своите најдобри денови“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Отвореното владино партнерство ги има своите најдобри денови“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 08 maj 2018 15:15

„Нашата цел е Акцискиот план да биде фокусиран, насочен кон иновативни мерки, да не е гломазен и со голем број различни мерки и цели, за да може имплементацијата да биде конкретна, мерлива и целосна“, рече Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација (МИОА), на отворањето на дводневната конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020". Тој најави дека МИОА работи на отворање на податоците кои произлегуваат од работата на државните институции, со што тие ќе станат лесно достапни до заинтересираните страни, а во август годинава ќе се пушти во употреба и нов портал за отворени податоци

Otvorenoto vladino partnerstvo gi ima svoite najdobri denovi 1

Н.Е. Микаела Швајзер- Блум, Заменик Амбасадор на САД во Македонија, говореше за позитивните примери на отворено владино партнерство во САД и зголемените очекувања од страна на граѓаните по прашањето на вклученост во процесот на донесување одлуки. „Отворена Влада е добра за државниот буџет бидејќи зголемената транспарентност ја намалува корупцијата. Таа е добра и за бизнисот, бидејќи со објавување на повеќе актуелни податоци од страна на Владата може да се јават нови можности за бизнисите. Но, таа пред сè е добра за граѓаните. Кога младите ќе видат транспарентна Влада, тие гледаат можности; а кога ќе видат Влада спремна за соработка, тие ја гледаат нејзината вложеност во партнерството со граѓаните“, рече таа.

За покажаната отвореност на Владата која е дел од патот до интеграцијата во ЕУ говореше Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија. „Она што оваа држава го постигна изминативе месеци е неверојатно. Конечно имаме Совет за соработка со граѓанските организации, конечно граѓанското општество учествува на работилници кои ги засегаат секторските политики, па отвореното владино партнерство сега ги има своите најдобри денови. Затоа топло ги поздравувам присутните и добредојдовте во дискусијата“, изјави тој. 

Otvorenoto vladino partnerstvo gi ima svoite najdobri denovi 2

Првиот ден ќе се дискутира за отвореното владино партнерство и напредокот и резултатите од спроведувањето на Националниот акциски план (НАП) 2014-2016. 

Презентациите вториот ден ќе се однесуваат на Независниот извештај за прогресот 2016-2017 направен од Механизмот на независно известување, и искуствата и препораките за приоритизација и селекција на предложени заложби. Во текот на денот предвидена е и работа во групи што ќе им овозможи на граѓанските организации (ГО) да дадат насоки и препораки за следниот акциски план за периодот 2018-2020.

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја организира конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020" со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Националниот ресурсен центар за граѓански организации”.

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme „Отвореното владино партнерство ги има своите најдобри денови“