Отворен Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Отворен Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 07 maj 2018 15:05

Граѓанскиот ресурсен центар е наменет пред сѐ за организациите кои најчесто не се во можност да бидат финансирани од страна на ЕУ. Причината е што тие се мали, а ние сме комплицирани, и затоа што има толку многу граѓански организации што е невозможно сите да ги земеме предвид.  Ова е само мало парче поддршка кое им го пружаме ним“, рече Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во делегацијата на ЕУ во Скопје, на денешното отворање на Граѓанскиот ресурсен центар, со кој ќе раководи Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). 

Otvoren Gragjanskiot resursen centar vo Skopje 1

Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, во своето излагање ги истакна заложбите на организацијата околу поддршката на граѓанските организации (ГО) изминатите години. „Идејата за ресурсен центар не е нова во Македонија и во изминатите неколку години оваа активност се одвиваше преку проектот на ЕУ за поддршка на граѓанските организации попознат како ТАКСО, чијшто спроведувач беше исто така МЦМС“, рече тој.

Otvoren Gragjanskiot resursen centar vo Skopje 3

Овој Ресурсен центар ќе обезбеди иновативен и инспиративен простор за големите и мали ГО и активисти. За таа цел, покрај центарот во Скопје, ќе бидат отворени ресурсни центри и во Гостивар и Штип, како и дополнителни мобилни центри заради целосна географска покриеност на државата. Освен тоа, Центарот ќе пружи поддршка и лесен пристап до ресурсите потребни за нормално функционирање на ГО. За нив ќе се спроведат обуки, конференции, ќе се пружа редова логистичка поддршка, ќе се доделат мали и партнерски грантови, ќе се подготват годишни извештаи за овозможувачка околина за ГО, ќе се воспостави биро за информирање и ресурсна веб страна.

Otvoren Gragjanskiot resursen centar vo Skopje 2

„Овој проект не е цел сам по себе. Најчесто се поставува прашањето на одржливост на вакви ресурсни центри. Ние нема да бидеме најсреќни ако центарот постои после три, пет или 10 години, туку ако најголем дел  од организациите што ќе бидат корисници на нашите услуги станат одржливи во наредните години“, рече Емина Нурединоска, раководител на одделението на граѓанско општество во МЦМС. 

За потребата од силно граѓанско општество и значењето од поддршката на ЕУ во изминативе 10 години говореше Ирена Иванова, програмски менаџер од делегацијата на ЕУ во Скопје. „Она што досега го научивме е дека граѓанските организации навистина треба да го засилат својот глас, заедно да работат околу секторските политики и да им пружат рака на државните институции со проактивна експертиза, што веќе се случува. Така што би рекла дека се наоѓаме во крешендото на целиот овој процес“, истакна таа.

Граѓанскиот ресурсен центар е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации, спроведуван од МЦМС во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар, а е поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Отворен Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје