E enjte, 27 prill 2017 10:00 |
Петнаесет граѓански организации ги почнаа подготовките за потпишување на договорите за новите акциски грантови на Цивика мобилитас. Тие беа селектирани на третиот и последен повик за ваков тип грантови.
Нови грантисти на Цивика мобилитас ќе бидат:
- Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена лупа“ од Скопје, за акцијата „Да ја вратиме довербата во судовите – Правда за секого!
- Институтот за комуникациски студии „ДигитАКТ“ за акцијата „Комуницирање за промени“
- Фондација Балканска мрежа за развој на граѓанско општество, Скопје, за акцијата „Заштита на граѓанскиот простор – должности и учесници“
- Фондација „Македоника“, Скопје, за акцијата „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“
- Македонското женско лоби за акцијата „Родовите прашања и политики како мотив за граѓаните да бидат вклучени во креирање на локалните политики“
- Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија за акцијата „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“
- Гешталт центарот „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ, Скопје за акцијата „Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза“
- Здружението на граѓани „Локомотива“ – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје за акцијата „Културни простори за активни граѓани“
- Хуманитарната oрганизација „Ел Хилал“ за акцијата „Истражување, промоција на толеранцијата и враќање на заедничките вредности за успешен соживот кај различните етнички заедници“
- Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово за акцијата „Унапредување на социјалното вклучување на ромската заедница во шест општини во Република Македонија“
- Руралната коалиција од Куманово за акцијата „Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“
- Реактор – Истражување во акција за акцијата „Младинско застапување за одржлива иднина“
- Институтот за економски истражувања и политики „Финанце тинк“ од Скопје за акцијата „Поттикнување економска дебата во Македонија, базирана на докази и водена од податоци“
- Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје за акцијата „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“ и
- Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ за акцијата „Нови медиуми за стари предизвици.
Најголем број од новите грантисти се од Скопскиот регион (11), потоа од Североисточниот (2) и по една од Полошкиот и од Вардарскиот регион. Акциите се од областа на доброто владеење, граѓанското општество, родовите прашања, меѓуетничките односи, толеранцијата, културата, хендикепот, вработувањето, образованието и науката, информациите и друго. Мнозинството грантисти делуваат на национално ниво (73%), а скоро половината (46%) работат помеѓу 8 и 15 години.
|