Промоција на нови 38 грантови на Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција на нови 38 грантови на Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 15 shkurt 2017 15:57

Семејството на Цивика мобилитас, од денес (15 февруари 2017 година) брои 173 грантисти, а вкупната поддршка за која се склучени договори од почетокот на програмата изнесува речиси 262 милиони денари или нешто над 4,5 милиони швајцарски франци. На денешниот настан беа промовирани нови институционални грантови за 12 граѓански организации, мали акциски грантови за 15 граѓански организации, ад хок грантови за девет граѓански организации и два гранта за стипендии.

Promocija na novi 38 grantovi na Civika mobilitas 1

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Техада ги поздрави присутните и им ги врачи договорите на грантистите. „Свесни сме за предизвиците и тешкотиите со кои се соочува граѓанското општество и токму затоа, вашата посветеност да продолжите да работите за развојот на земјата, родовата еднаквост, почитувањето на човековите права и сите видови на различности, заслужува уште поголема почит“, рече амбасадорката Техада. Таа истакна дека Швајцарија силно ја поддржува демократизацијата на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ и преку Цивика мобилитас сакаат да дадат конкретен придонес во тој процес. 

Promocija na novi 38 grantovi na Civika mobilitas 3

„Најголем број од доделените грантови, 64% се во Скопскиот регион, останатите 36% се распределени на другите региони“, рече во своето обраќање Александар Кржаловски, национален водач на тимот и прв извршен директор на МЦМС. Во поглед на темите кои ги обработуваат, најголем број, односно 18% третираат прашања на добро владеење, по 9% се посветени на човековите права и граѓанското општество генерално, по 8% опфаќаат прашања посветени на животната средина, информациите, комуникациите и медиумите и децата, младите и студентите. Потоа следуваат образованието, здравството, итн. Според Кржаловски, 54 од грантовите веќе се завршени. 

Promocija na novi 38 grantovi na Civika mobilitas 2

Со поддршката на институционалните грантисти ќе се придонесе за нивниот институционален развој и организациско јакнење. Со малите акциски грантови организациите ќе ги промовираат своите цели во соработка со другите граѓански организации, граѓаните и властите на локално и национално ниво. Ад хок грантовите се наменети за поддршка на неодложните прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија. 

Promocija na novi 38 grantovi na Civika mobilitas 4

Институционалните грантови треба да ги зајакнат граѓанските организации што ќе ги направи поактивни во ангажирањето за постигнување општествени промени во Македонија, за што се залага Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во периодот од 2014 до 2018 година. Буџетот на програмата изнесува 7,7 милиони швајцарски франци кои ги обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Промоција на нови 38 грантови на Цивика мобилитас