„Време на предизвици“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Време на предизвици“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 02 dhjetor 2016 14:55

Улогата на граѓанските организации во решавањето на општествените проблеми, особено на актуелната политичка криза беше главната тема на панелот што се одржа во рамките на Националниот форум на Цивика мобилитас насловен „Време на предизвици“ на 16 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Струга.

15128893 2139134966312314 6537367834870259204 o

На панелот зборуваа Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум (МОФ), Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје (ИДСЦС), Александар Цеков од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Назим Рашиди од Диверзити медиа. 

За нив нема дилема дека граѓанските организации треба да имаат активна улога во решавањето на кризата. „Имаме одговорност да се адаптираме на состојбите во општеството“, рече Костуранова, „но се соочуваме со порив работите да бидат контролирани на секое можно ниво. Имавме студентски избори кои треба да не загрижуваат, имаше неправилности но, ништо не се случи околу тоа. Советот за соработка со граѓанските организации е креиран без консултации со граѓанското општество. Држење настрана од општествените динамики не прави нерелевантни“, рече таа.

„Заробената држава креира намалени можности за дијалог“, смета Миша Поповиќ. „Има еднострани политики и еднострано водење од страна на властите и, со тоа се одзема можноста за дијалог и се креира поларизација“. За Александар Цеков од ЦРПМ, граѓанските организации имаат огромно влијание врз граѓаните за тоа како се гледа на политичките партии што овозможило да се  демистифицираат некои процеси. „Очекувам дека ова влијание е биде ефектуирано во иднина. Резултатите од граѓанското општество ќе дојдат постепено. Тоа е подолготраен процес“, рече тој. Назим Рашиди зборуваше за потребата од соработка на организациите со медиумите за решенијата на организациите да бидат видени од граѓаните. 

„Ако решенија се видени од граѓаните, тие ќе направат притисок кај политичките структури“, рече тој. 

„Еден од најголемите предизвици за граѓанскиот сектор е како да се справи со општествената криза, затоа што не станува збор само за политичка криза, туку за морална, етичка, вредносна криза“, рече Владимир Лазовски од Отворете ги прозорците. За Лулзим Хазири од АДИ прашање е како да се канализира разноликоста на секторот. „Дали најголем проблем ни е репрезентативноста? Кој каде ќе не претстави? Повремено се формираат мрежи, ама не се одржливи. Потребно е повеќе да се користи просторот, да се искористат можностите за дебати“, рече тој. 

Покрај панелот, за време на Националниот форум беа организирани и повеќе паралелни настани, презентации, работилници и сл. 

Сојузот на извидници на Македонија организираше работилница на тема „Алтернативни методи за вклучување на младите преку неформалното образование“. Мотивот беше да се идентификуваат нови начини за мобилизирање, особено на постари младинци кои би биле обучувани да бидат ментори на помладите членови кај кои интересот е многу поголем. 

Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија“ ја презентираше идејата „Нула отпад општини во Македонија. Организациите Нов контакт и Извор од Кратово ја формираа неформалната мрежа за миграции, Македонскиот центар за култура и развој ги презентираше програмите „Граѓанска превенција“ и „Здраво спорт за здраво општество“, свои презентации има и организациите: Епилепсија Македонија, Националниот совет за родова еднаквост (СОЖМ), Младинскиот сојуз – Крушево итн. 

Покрај презентациите, голем број организации ја искористија можноста да се претстават и преку штандови, постери и банери.

Националниот форум го посетија повеќе од 300 граѓански активисти и други заинтересирани граѓани.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme „Време на предизвици“