Наскоро ќе бидат познати добитниците на акциски грантови на Цивика мобилитас |
E hënë, 13 qershor 2016 15:58 | |||
Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави. Пријавените организации се од сите осум плански региони. Најголем број од пријавите се од Скопскиот регион (50), потоа од Пелагонискиот (10), од Полошкиот регион (6), од Североисточниот (5), од Источниот (5), од Вардарскиот (4), од Југоисточниот (3), и и од Југозападен (1). Организациите се активни во најголем дел од стратешките сектори на програмата, на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво, со различни годишни буџети и години на постоење. Претходно, од 21 до 27 април 2016 г. за подобро информирање на заинтересираните граѓански организации, Цивика мобилитас одржа три информативни сесии и тоа во Скопје, Штип и Охрид. На сесиите учествуваa над 150 претставници на вкупно 114 граѓански организации и други актери. Кога ќе бидат познати добитниците, ќе бидат известени сите пријавени организации.
|