Планирање на организацискиот развој - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Планирање на организацискиот развој PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 26 shkurt 2016 10:49

Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целата на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.

Planiranje na organizaciskiot razvoj 2

Меѓународниот експерт Ана Василаче ги објасни постапките за подготовка на Планот. Таа се наврати на претходните активности на основа кои треба да биде изграден Планот.

Учесниците во индивудуални вежби, уште на работилницата, започнаа да го пополнуваат Планот за сопствените организации дефинирајќи при тоа кои се позитивните општествени промени што сакаат да ги постигнат на ниво на заенички каузи, практикување вредности, граѓански ангажман, ниво на оргнаизација и влијание.

Planiranje na organizaciskiot razvoj 1

Учесниците потенцираа дека целиот овој процес бил коресен за нив. Во текот на процесот, како што истакнаа дел од нив, станале свесни дека првенствено се насочени на спроведување на проектите, а сосема малку или воопшто на организациските прашања кои исто така се значајни за функционирањето на нивните организации. „Добивме корисни алатки за идентификување на проблемите во организациите“, рече Невенка Лонгуровска од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и додаде дека во елаборирањето на животниот циклус на организацијата можеле да идентификуват каде се и кои би требало да бидат нивните идни чекори што потоа им помогнало во стратешкото планирање.

Планот за организациски развој е еден од продуктите што треба да го подготват институционалните грантисти, а кој ќе им помогне полесно да се ориентираат кон остварување на позитивните општествени промени кои ги дефинирале во нивите работни планови.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Планирање на организацискиот развој