Повиците за мали акциски и ад хок грантови се отворени |
E enjte, 03 shtator 2015 12:26 | |||
Цивика мобилитас ги објави повиците за мали акциски грантови и за ад хок грантови. Малите акциски грантови се наменети за поддршка на граѓански организации кои сакаат да ги промовираат своите цели на локално/национално ниво, а ад хок грантовите, освен на здруженијата и фондациите на располагање им се и на неформални, нерегистрирани групи граѓани за поддршка на итни, неодложни т.н. „горливи“ прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија.
Двата типа грантови ќе бидат постојано отворени. На малите акциски грантови заинтересираните можат да се пријавуваат најдоцна до 30 јуни 2017 година, а на ад хок грантовите, најдоцна до 31 март 2018 година. Максималниот износ што може да се побара е 400.000 денари, за активности кои ќе траат најмногу 12 месеци, кај малите, или шест месеци кај ад хок грантовите. Апликантите првично поднесуваат само концепт, во посебно пропишан образец. Пријавата се пополнува само доколку апликантот добил писмена покана од Цивика мобилитас да поднесе пријава, а по прелиминарниот избор на концептот. Сите потребни документи за повикот можете да ги најдете во огласите за мали акциски грантови или ад хок грантови. Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори. Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
|