Промоција на првите грантисти и најава за новите грантови на Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција на првите грантисти и најава за новите грантови на Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 06 maj 2015 13:26

Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Првата детска амбасада во светот Меѓаши; Хелтгрупер самит; Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар; Здружението за социјална правда Левичарско движење Солидарност; Здружението ИЗБОР – Струмица; Здружението на новинарите на Македонија; Асоцијацијата за демократска иницијатива - Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; Мултиетничкото здружение „Флоренс Најтингел“ - Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; Здружението за заштита на животни АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ – Центар за слобода; КХАМ Делчево и Центарот за развој на заедницата Кичево.

Promocija na prvite grantisti i najava za novite grantovi na Civika mobilitas 1

Првите институционални грантови имаат вкупен буџет од околу 77 милиони денари и наменети се за поддршка на процесот на институционален развој и организациско јакнење на избраните организации. Нивното зајакнување треба да ги направи поактивни во ангажирањето за постигнување општествени промени во Македонија, за што се залага Цивика мобилитас.

На грантистите им честиташе Амбасадорот на Швајцарија во Македонија, неговата екселенција Стефано Лазарото. Тој меѓу другото истакна дека со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, во последните пет години биле поддржани 70 граѓански организации. „Од овој проект очекуваме многу и му даваме големо значење“, рече Лазарото. „Се надевам дека за неколку години македонските граѓански организации ќе станат главен фактор во општеството“, додаде тој.

По промовирањето на првите грантисти се одржа информативна сесија за акциските грантови за кои повикот веќе е во тек, а беа најавени и повикот за мали грантови за локални општествени акции и повикот за ад-хок грантови.

Promocija na prvite grantisti i najava za novite grantovi na Civika mobilitas 2

Присутните особено се интересираа за акциските грантови на Цивика мобилитас кои ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираа нивните принципи и активности кои вклучуваат градење на нивните конституенти, јакнење на релацијата на граѓаните и граѓанските организации, заедниците и пошироката јавност, подигнување на свеста за приоритетите на ГО и на Цивика мобилитас. Проектите што ќе бидат поддржани со овие грантови можат да траат од 12 до 24 месеци, а расположивиот износ за повикот е 25 милиони денари, односно од еден до 1,8 милиони денари по грант.

Новата фаза на Цивика Мобилитас која ќе обезбеди поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во следните четири години започна во октомври минатата година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци кои се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Презентациите од сесиите:

 

 

Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата...

Posted by Civica Mobilitas on Wednesday, May 6, 2015
 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Промоција на првите грантисти и најава за новите грантови на Цивика мобилитас