Зголемена почит за културата на етничките Албанци - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Зголемена почит за културата на етничките Албанци PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 28 qershor 2011 09:56

НЀ ПОВРЗУВААТ МАЈКА ТЕРЕЗА, БОРИС ТРАЈКОВСКИ И АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ, НЕЗАВИСНОСТА, ОРД И ФУДБАЛОТ

Меѓуетнички односи во Македонија[Прес соопштение] МЦМС спроведе сеопфатна студија на Охридскиот рамковен договор. Дел од таа студија е истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија. МЦМС ќе ги објавува наодите и заклучоците во неколку делови. Истражувањето на меѓуетничките односи ќе биде објавено во четири дела: историски односи и стравови, предрасуди и стереотипи; почит на културата и споделена гордост; социјална близина; и општ квалитет на меѓуетничките односи. Сега го објавуваме делот „Свесност за културата и споделена гордост".

За големо мнозинство од граѓаните (72 %) е важно познавањето на историјата и културата на другите етнички заедници. Граѓаните најмногу знаат за историјата и културата на етничките Македонци и за етничките Албанци, а најмалку за културата на етничките Бошњаци. Етничките Македонци, по својата, најдобро ја познават историјата и културата на етничките Срби (18,1 %) и етничките Турци (11,8 %), етничките Албанци на етничките Македонци (23,7 %) и на Турците (12,3 %), а другите етнички групи по правило најдобро ги познаваат историјата и културата на етничките Македонци и на етничките Албанци.

Последните пет години најмногу е подобрена почитта кон културата на етничките Албанци, е став на 44,6 % граѓани. Повеќето граѓани од сите етнички припадности сметаат дека е најмногу подобрена почитта на културата на етничките Албанци. По нив, најмногу е подобрена почитта на културата на етничките Македонци, етничките Турци и Ромите, а најмалку на етничките Срби, Власите и Бошњаците.

Граѓаните се поделени во однос на потребата од нови заеднички вредности и практики, надвор од сопствените вредности и традиции. За нови заеднички вредности се 47,7 % од граѓаните, наспроти 46,4 % кои не се согласуваат. Мнозинството етнички Македонци (51,3 %) сметаат дека не се потребни нови заеднички вредности, а мнозинството етнички Албанци (57,1 %) сметаат дека се потребни. Мнозинството граѓани од другите етнички припадности сметаат дека се потребни нови заеднички вредности.

Мајка Тереза (78 %), Борис Трајковски (68,4 %), Александар Велики (46,8 %) и Питу Гули (48,1 %) се заеднички личности. Гоце Делчев и Никола Карев се најмалку прифатливи заеднички личности за етничките Албанци (14,2 % и 11,4 %) и за Турците (22,7 % и 19,7 %). Скендер бег е прифатлив за заедничка личност за приближно малцинство на етнички Македонци (37,5 %) и на етнички Албанци (36,3 %).

Независноста на Македонија во 1991 г. (66,8 %) и натпревар на македонската фудбалска репрезентација (69,4 %) најмногу се доживуваат како заеднички настани од граѓаните од сите етнички припадности. Значајно е дека и Охридскиот рамковен договор (63,7 %) се доживува како заеднички настан од граѓаните од сите етнички припадности. Илинденското востание и АСНОМ се доживуваат како заеднички настани од граѓаните од сите етнички припадности, со исклучок на етничките Албанци (36 % и 30,1 %) и на Турците (43,7 % и 39,9 %).

Истражувањето е спроведено со теренска анкета во домаќинствата во мај 2011 г. на национален репрезентативен примерок од 2.087 испитаници и он-лајн анкета со нерепрезентативен примерок од 24 информирани јавни личности во Република Македонија. МЦМС му ја довери теренската анкета на Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦС).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Зголемена почит за културата на етничките Албанци