Македонска Каменица и Делчево ги добија новите возила за комунален отпад - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонска Каменица и Делчево ги добија новите возила за комунален отпад PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 30 shtator 2014 00:00

На 25 септември 2014 година, на плоштадот во Македонска Каменица, амбасадорот на Швајцарија во Македонија, неговата екселенција Стефано Лазарото им ги предаде на градоначалниците на Македонска Каменица, Дарко Митевски и на Делчево, Дарко Шехтански клучевите од двете нови возила за собирање на комунален смет.

Makedonska Kamenica i Delchevo gi dobija novite vozila za komunalen otpad 1

Двајцата градоначалници изразија задоволство од успешно завршениот проект. „Ова за нас како општина беше ново и многу позитивно искуство“, рече во своето обраќање градоначалникот на Македонска Каменица. „Приоритетите на граѓаните се и приоритети на општината. Затоа, по ова искуство, ние решивме форумите во заедницата да ги ставиме во нашиот статут како една од формите на граѓанско учество“, додаде тој. За градоначалникот на Делчево ова се резултати со кои можат да се гордеат и општините и граѓаните. „Набавката на новите возила ќе придонесе да се подобри квалитетот на живот на граѓаните“, истакна тој.

Makedonska Kamenica i Delchevo gi dobija novite vozila za komunalen otpad 2

Амбасадорот Лазарото се заблагодари за топлиот прием и за посветеноста и на граѓаните и на општините во спроведувањето на овој проект. „Консултирањето на граѓаните во носењето одлуки е дел од демократскиот процес. Особено ми е драго што овој проект е насочен кон зачувување на животната средина“, додаде тој.

Makedonska Kamenica i Delchevo gi dobija novite vozila za komunalen otpad 3

Набавката на возилата е дел од програмата Форуми во задницата што двете општини, со поддршка на МЦМС, ја спроведуваа во периодот од февруари 2013 до септември 2014 година. Вкупниот буџет на проектот изнесуваше околу 7,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и буџетите на двете општини.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Македонска Каменица и Делчево ги добија новите возила за комунален отпад