Верските заедници учеа како да раководат со човечки ресурси - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Верските заедници учеа како да раководат со човечки ресурси PDF Печати Е-пошта
Сабота, 31 октомври 2009 15:18

Од 29 до 31 октомври оваа година, во х. Мрамор, во Скопје, се одржа обуката Раководење со човечки ресурси за претставниците на верските заедници од Македонија. На обуката учествуваа претставници од Македонската православна црква, Исламската верска заедница во Македонија, Еврејската заедница во РМ, Католичката црква, Евангелско-методистичка црква и Ел хилал.

Верските заедници учеа како да раководат со човечки ресурси

„Ова ми е прво искуство. Претходно познавање сум стекнал од луѓето кои работеле на оваа проблематика. Обуката ја сметам за многу корисна за мене и може многу да се научи од неа. Впечаток ми остави и начинот на предавање кој е многу едноставен, изразен низ практични примери од секојдневието и од кој можеш да научиш многу“, ни кажа Ванчо Умленски од МПЦ на крајот на обуката.

За Жаклина Мучева од Еврејска верска заедница ова не е прва обука на која учествува. „Добро е што МЦМС води грижа за верските заедници и добро е што обуката е само за нас, бидејќи се разликуваме од класичните организации. Користејќи ги примерите од надвор обучувачите успешно ги пренаменуваат за нас. Впечаток ми остави практичната работа, органограмот, пишувањето огласи за работа итн. Обучувачите професионално ни го пренесуваа знаењето“, ни изјави Мучева.

Учесниците имаа можност да се запознаат со начинот на подготвување програма за работа на одделението за човечки ресурси, како се прави интервју за вработување, како се врши оценка на работни достигнувања, мотивација на вработените и др.
Обуката ја спроведоа Валентина Чичева од МЦМС и Марио Вељковиќ.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Верските заедници учеа како да раководат со човечки ресурси