Акција за дарување крв - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Акција за дарување крв PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 25 декември 2023 16:10

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Црвениот Крст на РСМ денес (25 декември 2023 година) организираа Акција за дарување крв.

MCMS7278 MCMS

Иако за ваква хуманитарна акција и не се потребни посебни поводи, сепак, оваа беше иницирана во чест на јубилејот, 30 години од основањето на организацијата.

Вкупно 13 вработени во МЦМС, во Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и други соработници денес со задоволство се приклучија на армијата крводарители со чија помош секојдневно се спасуваат човечки животи.

MCMS7202 MCMS

 

Благодарни сме им што на овој начин ги практикуваат вредностите на организацијата.

Крводарителската акција се спроведе во просториите на МЦМС од 10 до 13 часот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Акција за дарување крв