Обуката ги инспирираше учесниците да ја прашаат општина Делчево за некои од предизборните ветувања - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обуката ги инспирираше учесниците да ја прашаат општина Делчево за некои од предизборните ветувања PDF Печати Е-пошта
Четврток, 29 декември 2022 13:09

Вкупно 19 претставници на 14 граѓански организации од Делчево беа дел обуката „Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер“ која се одржа на 23 декември 2022 година во просториите на КХАМ Делчево.  Со вештините стекнати на обуката се зајакнува капацитетот на организациите во користење на оваа алатка која може да им обезбеди повеќе информации важни за нивното работење. Таа исто така им обезбедува аргументирано да застапуваат во интерес на своите целни групи.

Слика 1 MCMS

 Главното ветување за граѓанските организации во предизборниот период беше креирањето стратегија за соработка со ГО за периодот 2022 - 2025 година. Покрај тоа, локалната власт вети  дека континуирано ќе ги зголемува средствата наменети за поддршка на организациите кои ќе се доделуваат транспарентно. На ова се должат и реакциите на учесниците на обуката дека веќе две години не е објавен повик за финансирање на граѓански организации, а од друга страна, преку Советот на општината, повремено се доделуваат средства за некои организации. 

Пред оваа обука, учесниците не биле свесни за можностите што им ги нуди пристапот до информации од јавен карактер. Изненадена од ова сознание, Перса Стојанова од  здружението „Пијанечки глас“ праша „Значи јас можам следната недела да поставам прашање до Општината, колку средства се доделени и на кои граѓански организации во периодот од јануари до крајот на ноември 2022 година?“. Слично беше размислувањето и на активистот  Харис Јашаров. „Значи имам право да побарам копија од фактурите за санирање на мојата улица?“. 

SLIKA 3 MCMS

Сите се согласија дека оваа алатка е корисна како за организациите така и за граѓаните. Тие заклучија дека е потребно да се направи притисок врз општината да ги исполни ветувањата кои ги дала. КХАМ Делчево и учесниците се договорија следните две обуки „Буџетски мониторинг“ и „Отворени финансии“, да се одржат веднаш по завршувањето на празниците.

Спроведувањето на оваа обука е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обуката ги инспирираше учесниците да ја прашаат општина Делчево за некои од предизборните ветувања