Достапни се одговорите на прашањата од инфо-сесиите за грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Достапни се одговорите на прашањата од инфо-сесиите за грантови PDF Печати Е-пошта
Петок, 08 Февруари 2019 16:53

Повеќе од 80 претставници на граѓанските организации учествуваа на трите информативни сесии  за грантовите за транспарентност кои што  беа организирани во Скопје, Битола и Штип. Тие поставија повеќе од 30 прашања во врска со процесот на аплицирање и со спроведувањето на проектот, а тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка ги одговори електронски и тие се достапни за сите заинтересирани

20190207 Info sesii dfg1

Јасмина Чаушоска, грант менаџер на проектот детално ги презентираше упатството и формуларот за аплицирање. Таа зборуваше за приоритетните области за пријавите и за подобните и неподобните трошоци. Заинтересираните граѓански организации можат да постават прашања поврзани со повикот најдоцна до 18 февруари на е-маил адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Рокот за поднесување на апликацијата е 25 февруари 2019 г. најдоцна до 17 часот.

Преку овој  тип на поддршка се очекува да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за нивно транспарентно работење.  Планираните средства за распределба во рамките на повикот изнесуваат 28.000 евра (1.722.000 МКД). МЦМС ќе додели најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. Организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање.

20190207 Infosesii dfg2

МЦМС ќе објави уште еден повик за грантови за транспарентно работење на граѓанските организации во текот на следната година. 

Повикот е дел од програмата на МЦМС „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“, што се спроведува во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и Центарот за граѓански организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансиски поддржана од Европската Унија.

prasanja-i-odgovori-za-povikot.docx

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Достапни се одговорите на прашањата од инфо-сесиите за грантови