Почна спроведувањето на третата фаза на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Почна спроведувањето на третата фаза на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 јануари 2019 00:00

Со почетокот на 2019-та година, започна со спроведување новата, трета фаза, на програмата Цивика мобилитас. Таа ќе трае четири години и ќе продолжи да им служи на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество да остваруваат значајни општествени промени.

Pochna sproveduvanjeto na tretata faza na Civika mobilitas

Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), а ќе продолжат да ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Програмата ќе придонесе кон подобрување на овозможувачката околина преку креирање механизми за соработка меѓу граѓанските организации и властите; ќе им помогне на организациите да изградат силна односи со конституенти; ќе влијае соработките меѓу организациите да прераснат во долгорочни и одржливи партнерства и мрежи; а исто така ќе придонесе за зголемено граѓанско учество во носењето одлуки, што води до подобри политики и практики.

Овие резултати Цивика мобилитас ќе ги постигне со неколку методи: финансиска поддршка за граѓански организации преку грантови (институционални, акциски и мали); дискусии и вмрежување преку 20 форуми и настани за вмрежување, директна менторска поддршка и фацилитација за организациите;  јакнење на капацитети преку 20 работилници и обуки; информирање преку  квартални електронски билтени и над 100 стории.

Буџетот на програмата околу 5,9 милиони швајцарски франци, од кои 3.7 милиони се наменети за грантови.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Почна спроведувањето на третата фаза на Цивика мобилитас