Борбата против корупцијата во ризични сектори во ЈИЕ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Борбата против корупцијата во ризични сектори во ЈИЕ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 05 ноември 2015 21:07

На 29 и 30 октомври 2015, во Подгорица, Црна Гора, се одржа регионална конференција на тема „Подобрување на напорите за застапување на граѓанските организации за борбата против корупцијата во ризичните секори во Југоисточна Европа (ЈИЕ): користење на најновите истражувања во процесот на пристапување кон ЕУ“. Конференцијата е дел од активностите на мрежата на граѓански организации СЕЛДИ и иницијатива ANTICORRP. Повеќе од 30 претставници на граѓанските организации од десет земји од југоисточна Европа и Турција, членки на СЕЛДИ дискутираа за најдобрите методи за застапување и лобирање за политиките врз основа на резултатите од длабинските истражувања за антикорупција.

Borbata protiv korupcijata vo rizichni sektori vo JIE

Учесниците ги поздравија Драган Копривица, извршен директор на Центарот за демократска транзиција (CDT) од Црна Гора, Руслан Стефанов, директор на Економската програма на Центарот за изучување на демократијата  од Бугарија, Миливоје Катниќ, Главен специјалниот обвинител, Кирси Пекури, раководител на Одделот за политичката, евроинтеграции и трговија во Делегацијата на ЕУ во Црна Гора и Гудрун Штајнакер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Црна Гора.

Амбасадорката Штајнакер, истакна дека борбата против корупцијата секогаш ќе биде актуелна, меѓутоа, тоа не треба да ги обесхрабри и одврати владите и општеството успешно да се справуваат со неа. Според амбасадорката она што најмногу загрижува е отсуството на адекватна реакција и одговор на случувањата во регионот. Таа повика на итни мерки од страна на обвинителствата на земјите во регионот за да се испитаат големите градежни проекти и други активности со висок ризик за корупција. Таа истакна дека ЕУ треба да размисли за различен пристап, барем за регионот на ЈИЕ, кој ќе биде прилагоден на традициите и историјата, за да се постигнат резултати во борбата против корупцијата. Во таа смисла СЕЛДИ е важна мрежа која може да придонесе за отворена дискусија во врска со корупцијата на високо ниво.

Првиот ден учесниците се фокусираа на улогата на граѓанското општество во проценка на влијанието на постоечките антикорупциски мерки и ја истакнаа потребатата од поголема соработка со државните институции, медиумите и пошироката јавност. Учесниците ја истакна важноста за функционирање на системот за слободен пристап до информации од јавен карактер, особено пристапот до базите на податоци за јавните набавки, анкетните листови, финансиски ревизии на претпријатијата во државна сопственост, извештаите и препораките на Европската комисија.

На првиот панел се дискутираше како резултатите од истражувањата за антикорупција и добро владеење да се искористат како алатки за застапување и лобирање. Мунир Подумљак, од Партнерството за општествен развој од Хрватска нагласи дека корупцијата има многу форми, и дека истражувањата пред се треба да дадат одговор на прашањето кои се тие форми и како успешно да се справиме со нив. Фокусот на вториот панел беше на методите за застапување за добро владеење во енергетскиот сектор.

Вториот ден од конференцијата, учесниците разменија искуства за зголемување на влијанието на граѓанските организации преку застапување со цел да се постигнат најдобри резултати во напорите за неопходни реформи во ЕУ и национално законодавство. Ханс Гутброд, координатор на Транспарифи (Transparify) го презентираше начинот на рангирање на граѓанските организации според стандардите за транспарентност и истакна дека тие треба да бидат одговорни и отчетни за граѓаните. Тој истакна дека од 2013 г. се забележува тренд на зголемување на транспарентноста на организациите, и им честиташе на членките на мрежата на СЕЛДИ со високи оценки за транспарентност. МЦМС беше оценета со највисока оцена 5. Повеќе информации може да се најдат на www.transparify.org/get-five.

Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење во ЈИЕ: градење на капацитети за следење, застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, финансирано од Европската Унија. Покрај МЦМС, партнери на проектот од Македонија се Институт за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) и Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Борбата против корупцијата во ризични сектори во ЈИЕ