И министерствата и јавноста потфрлиле во вклученоста во подготовката на законите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

И министерствата и јавноста потфрлиле во вклученоста во подготовката на законите PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 март 2014 11:43

МЦМС го подготви првиот квартален извештај „Огледало на Владата“ за периодот октомври – декември 2013 година, во кој е направена  анализа на практиките на министерствата во објавувањето, ажурурањето и давањето повратни одговори на јавноста за предлог-законите објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

tabela-ogledalo-na-vladata

Со извештајот се констатира дека неажурирањето на податоците на ЕНЕР и недостапноста на записниците од седниците на Владата го отежнуваат консултативниот процес. Доколку информациите на ЕНЕР редовно се ажурираат, а предлог-дневните редови и записниците од одржаните седници на Владата се достапни (како што е случајот во повеќето земји од регионот: Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Србија, Хрватска, Црна Гора), јавноста би имала информација дали коментарите кон предлог-законите се дадени во минимално предвидениот рок за консултации, а со тоа би имала и можност за влијание на предложениот текст на законот.

Кај повеќе од половина (57 %) од објавените предлог-закони, не е почитуван минималниот рок за консултации. Само две министерства (МТВ и МЖСПП) целосно ги запазиле роковите. Кај три министерства, меѓу кои и МИОА кое е надлежно за следење на отвореноста на процесите за консултации, за сите објавени предлог-закони рокот за консултации бил пократок од 10 дена.

Консултации во периодот на спроведување на проценката на влијанието на регулативата (ПВР) речиси и да нема. Само за четири закони од вкупно 54, е забележан одреден консултативен процес и во фазата на спроведување на ПВР. Во 84 % од 88 објавени предлог-закони за консултации на ЕНЕР биле објавени текстовите на нацрт-законите. Во 10 случаи текстот на нацрт-закон не бил објавен воопшто.

Известување за почеток на подготовка на закон често се поставува само формално. Иако известувања има кај 96 % од предлог-законите, во 44 % од случаите документот или немал никаква содржина или не бил пополнет како што треба. Задоволување на формата се огледува и во тоа што известувањето се поставува истовремено со извештај за ПВР и предлог-закон, со што не се остварува целта за навремено информирање на засегнатите страни за отпочнување на процесот и подготовка на предлогот на закон.

Иако ЕНЕР треба да служи во значителна мерка за вклучување на општата јавност во процесите на подготовка на закони, тоа речиси и да не се случува. На вкупно 88 поставени предлог-закони, има само 18 коментари. Од нив, само два биле поставени од страна на физички лица (поединци). Од друга страна, исто така мал е бројот на граѓански организации кои даваат свои предлози и коментари по одредени предлог-закони. За 88 поставени предлог-закони, испратени се 11 коментари од граѓански организации. Малиот број коментари е следен со уште помал број повратни одговори од страна на министерствата кои во само 22 % случаи дале повратен одговор на коментарот поставен на ЕНЕР за одреден предлог на закон.

МЦМС подготвуваа и објавува и неделни и месечни прегледи со резултатите  од следењето на ЕНЕР. Целта е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите.

Проектот „Огледало на Владата“ се спроведува во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција спроведувана од МЦМС, во партнерство со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), Транспарентност Македонија и Асоцијацијата за демократски иницијативи.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести И министерствата и јавноста потфрлиле во вклученоста во подготовката на законите