Дипломи за над 160 жени - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дипломи за над 160 жени PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 декември 2013 10:36

Над 160 кориснички на програмата „Оспособување на жените погодени од конфликтот“ од скопскиот, тетовскиот, кумановскиот и мавровскиот регион успешно ги завршија курсевите за англиски јазик и работа на компјутер.

diplomi za nad 160 zheni-1

На 25 и 26 декември 2013 година во Куманово, Скопје и во Тетово им беа доделени дипломи за успешно завршување и потврди за учество во курсевите.

Учесничките го изразија своето задоволство од можноста да стекнат нови вештини, да се информираат за други обуки и за вработување, да учествуваат во другите активности на проектот, како и за можноста меѓусебно да се запознаат.

diplomi za nad 160 zheni-2

„Ви благодарам за вашето активното учество, но и за поддршката што ни ја дававте преку промоција на проектот и мотивација на други жени за учествуваат во него“, рече Даниела Стојанова, раководител на проектот. Таа ги запозна учесничките со можностите за учество во следните активности, како што се курсевите за електронско сметководство, фризерство, возачка дозвола и сл. Присутните беа информирани и за слични активности на други организации и институции, како и за можноста во рамки на проектот заинтересираните учеснички да добијат совети и планови за личен развој и вработување.

diplomi za nad 160 zheni-3

Курсевите за англиски јазик и компјутерски вештини ги испорача Центарот за странски јазици, подготвителни курсеви и обука „Флуент“.

Проектот „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ е финансиран од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), го спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дипломи за над 160 жени