Комуникација на граѓаните и општината за темелно решавање на проблемите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комуникација на граѓаните и општината за темелно решавање на проблемите PDF Печати Е-пошта
Вторник, 17 септември 2013 17:03

На 6 септември 2013 година, во ОУ Браќа Рамиз-Хамид, се одржа третата форумска сесија во општина Шуто Оризари и на неа присуствуваа 129 граѓани и гости.

IMG 8514

Граѓаните дискутираа за пет концепти кои беа подготвени од страна на работните групи и тоа: Реновирање и санација на централни улици; Реновирање и санација на споредни улици; Улично осветлување; Уредување на јавни површини; и Уредување на тротоарите и просторот околу нив.

„Во денешно време ваквите начини на собирање на граѓаните значат директна комуникација на граѓаните со општинските претставници, и можност за издигнување на гласот на граѓаните во општината“, рече Рамко Јашар. Според него, ваквиот начин на комуникација на граѓаните и општината треба да се искористи за темелно да се решаваат проблемите на граѓаните. „Денешната дискусија беше навистина корисна бидејќи се слушнаа различни ставови и потреби на граѓаните“, додаде тој.

IMG 8518

И Зејнеп Селим смета дека дискусиите и презентациите се добри и дека се одбрани вистинските улици со кои има најголеми проблеми. „За нас жените е важна изградбата и на паркови и искористување на јавните површини, за да имаме каде да се собираме и дружиме. Посебно, за време на дискусијата ми се допадна ставот на една девојка која го кажа проблемот со осветлувањето од аспект на жените, бидејќи кога нема светло навечер, жените е тешко и опасно да пешачат“, вели таа. Зејнеп има фаворит во концептите и се надева дека тој ќе ја добие поддршката и на другите граѓани.

На сесијата граѓаните беа запознаени со критериумите за избор на проекти, правилата за тоа кој може да биде носител и партнер, како и правилата за избор на проекти кои ќе бидат финансирани од програмата „Форуми во заедниците“. Следната форумска сесија во Шуто Оризари ќе се одржи на 9 октомври 2013 година.  

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Комуникација на граѓаните и општината за темелно решавање на проблемите