Јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови 11-49/3-2019 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови 11-49/3-2019 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 24 јануари 2019 15:15

МЦМС преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување грантови. Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН)  и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија. 

povik za grantovi 2 dfg

Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку една година пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на грантовите за транспарентност изнесува 52.000 евра (3.198.000,00 МКД). Грантовите за транспарентност ќе се доделат во два одделни повици. Планираните средства за распределба во рамките на првиот повик изнесуваат 28.000 евра (1.722.000,00 МКД). Во првиот повик ќе се доделат најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање.

Рокот за поднесување на апликациите е 25 февруари 2019 г. до 17:00 часот. Апликациите се доставуваат на адресата: „Никола Парапунов“ бр. 41А, пошт. фах 55, 1060, Скопје, и тоа по пошта по препорачано писмо, по курир или лично на рака. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација. 

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од: 

Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања, може да се обратите преку е-пошта на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака: Референтен број: 11-49/3-2019.

На следниот линк ќе ги најдете одговорите на прашањата кои беа поставени на трите информативни сесии на кои беше презентиран повикот (одржани во Скопје, Битола и Штип), како и одговорите  на сите прашања кои пристигнаа до линијата за поддршка заклучно со крајниот рок за поставување на прашања (18 февруари 2019 година).

Информативна сесија за повик за доделување грантови

informativni sesii povik 2

Сите заинтересирани организации кои сакаат да аплицираат се покануваат на три информативни сесии:

  • - на 4 февруари (понеделник) 2019г. во МЦМС од 12 до 14 часот 
  • - на 5 февруари (вторник) 2019г. во Битола хотел Милениум од 12 до 14 часот
  • - на 6 февруари (среда) 2019г. во просториите на Ресурсен центар Штип во Штип од 12:00 до 14:00 часот 

За време на сесијата ќе се презентира упатсвото и формуларот. Присутните ќе можат да поставуваат прашања и да добијат јасни насоки за процесот на апликација и селекција. 

Ве молиме, доколку сте заинтересирани да присуствувате на инфрмативната сесија да го најавите своето присуство однапред, а најдоцна до 31 јануари (јануари) 2019 година на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови 11-49/3-2019