Отворен повик за обуки - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Отворен повик за обуки PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 31 декември 2018 00:00

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следните две обуки:

  • Обука за институционален развој и организациско јакнење, 17-18 јануари 2019, Скопје
  • Обука за видливост и презентирање на резултатите на граѓанските организации, 22-23 јануари 2019, Скопје

ogls za obuki grc

Обуката за институционален развој и организациско јакнење има за цел да придонесе кон зголемување на знаењето и подобрувањето на вештините на учесниците за систематичен пристап во процесот на воспоставување на стратешки цели за тоа каде организацијата сака да се најде во иднина и клучни мерки за тоа како да стаса таму. Обуката ќе обезбеди методи, техники и алатки кои ќе придонесат кон зајакнување на организациите и нивните позиции кон другите актери во опкружувањето, преку стратешка анализа на контекстот во кој работат организациите, факторите кои влијаат врз успехот и неуспехот на организациите, како и анализа на клучните актери  кои влијаат  врз развојните интервенции на организациите. Обуката е дизајнирана да им помогне на организациите континуирано да размислуваат стратешки и да развијат свој стратешки план кој никогаш не смее да биде статичен и фиксен, туку треба да биде составен дел на еден континуиран и максимално флексибилен планирачки процес кој се заснова на широкиот концепт на институционален развој и организациско јакнење. Учесниците се очекува да имаат претходно искуство со прашања поврзани со управување со граѓанска организација и да имаат раководни улоги во својата организација (улога на извршно раководство, членови на управни одбори или раководители на средно ниво).

Преку обуката за видливост и презентирање на резултатите на граѓанските организации учесниците ќе го зголемат знаењето и вештините за развивање на односите со јавноста и со медиумите и за подобро презентирање на резултатите од својата работа со што ќе го подобрат својот имиџ. Учесниците ќе учат и практикуваат методи и техники за успешно планирање и спроведување на комуникациските стратегии на нивната организација. Со обуката се опфатени теми како развој на комуникациска стратегија, презентирање на резултати, презентациски вештини, подготовка на соопштенија за јавноста и организирање прес-конференции, комуницирање преку веб, правилна употреба на социјални мрежи и др.  Заинтересираните претставници на граѓански организации треба да имаат искуство во односи со медиумите и во своите организации да се задолжени за односите со јавноста. 

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава најдоцна до 10 јануари 2019 год. Пријавите се пополнуваат онлајн и се достапни на:

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Отворен повик за обуки