Огласи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Огласи
МЦМС бара ко-модератор за општина МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА PDF Печати Е-пошта
Среда, 24 април 2013 09:31

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Во периодот јануари 2013 – мај 2014, Форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Меѓуоптшинскиот Форум, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.

 
МЦМС бара ко-модератор за општина Шуто Оризари PDF Печати Е-пошта
Четврток, 03 јануари 2013 11:32

Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општина Шуто Оризари ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на проектниот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 (шест) месеци, 9 (девет) работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.

 
МЦМС бара ко-модератор за општина Македонска Каменица PDF Печати Е-пошта
Среда, 02 јануари 2013 11:58

Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Меѓуопштинскиот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.

 
ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време PDF Печати Е-пошта
Вторник, 06 ноември 2012 13:21

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за поддршка на спроведувањето на своите програми објавува ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време.

 
МЦМС бара ко-модератор за општините Василево и Босилово PDF Печати Е-пошта
Петок, 17 август 2012 19:25

Во периодот август 2012 – декември 2013 г., форумскиот процес во општините Василево и Босилово ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Форумот се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетраење од шест (6) месеци, девет (9) работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

 


Страна 16 од 25

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи