Вторник, 29 ноември 2016 10:02 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен оглас за вработување на 2 (два) работника на определено време од шест месеци, со можност за продолжување, на работните места:
- Соработник на проекти: Раководење со проектен циклус (вклучително грантови) кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
- Соработник за односи со јавност: Односи со јавност (подготовка на соопштенија за јавност, промотивен материјал, е-билтени, извештаи, текстови за програмските активности за јавноста, организирање прес-конференции, координација на подготовка и издавање публикации, осигурување видливост на донатори и др.);
|
Сабота, 05 ноември 2016 00:00 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во тендерска постапка за набавка на истражувања. Предмет на набавката се истражувања на важни општествени теми кои ги засегаат граѓаните на Република Македонија.
|
Среда, 15 јуни 2016 00:00 |
Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на два извршни директори.
|
Понеделник, 06 јуни 2016 00:00 |
МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои имаат можност и сакаат, да се пријават и изразат интерес за обезбедување сместување и храна за студентите од САД, Канада и Австралија, кои како дел од програмата „Родум од Македонија“ ќе престојуваат во Македонија во периодот од 8 до 29 јули 2016 година.
|
Среда, 01 јуни 2016 15:20 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) ги покануваат сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство да понудат предлог теми за истражувачки стории поврзани со корупцијата.
|