Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче [Медиуми] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче [Медиуми] PDF Печати Е-пошта
Вторник, 14 декември 2010 16:21

Дневник извести за резултатите од Форумите во заедниците во Радовиш и Конче каде спроведувачка организација беше МЦМС.

Радовиш доби специјално возило

По неколку дена Радовиш ќе добие специјално возило за чистење и одржување на канализациската мрежа. Камионот „мерцедес“, вреден 130 илјади евра, е пристигнат од Германија и во тек е царинење и хомологација. Набавката на возила и специјална опрема за одржување канализација ја изгласале граѓаните на општините Радовиш и Конче во рамките на програмата „Форуми во заедницата“. Конче веќе добило помало возило, кое, како и камионот за Радовиш, е обезбедено со средства од двете општини, како и од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Според градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков, вакво специјално возило, кое ќе му биде дадено на ЈКП „Плаваја“, било неопходно, покрај другото и бидејќи со сегашната механизација с` уште не можела квалитетно да се исчисти канализациската мрежа што настрада во големата поплава пред две години. (Љ.Ш.)

Извор: Дневник (Вторник: 14.12.2010)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче [Медиуми]