Медиумите за Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 септември 2009 14:42

Ново тело за набљудување на односите меѓу ЕУ и Македонија

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) ќе биде домаќин на првиот Заеднички консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија, во петок.

Заедничкиот консултативен комитет ЗКК е заедничко консултативно тело кои има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.

На состанокот ќе се разговара за следење на односите меѓу ЕУ и Македонија и влијанието на финансиската и економската криза врз државава. ЗКК ќе усвои препораки до Владата на Република Македонија, Советот на ЕУ, Европската комисија и Европскиот парламент.

Новото заедничко тело го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија  и ќе се среќава двапати годишно. Владимира Дрбалова, член на ЕЕСК Група на работодавачи, Чешка Република и директор за европски прашања на Индустриската конфедерација на Чешката Република ќе ко-претседава дсо ЗКК, како и Сашо Клековски од Група граѓански организации, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Членови на македонската страна од група 1 – работодавачи се: Лидија Групчева, ОРМ , Миле Бошков, ЦЕРМ; група 2 – синдикати: Ванчо Муратовски, ССМ, Слободан Антовски, УНАСМ; група 3 – граѓански организации: Сашо Клековски, МЦМС, Дарко Алексов, МОСТ. Постојани набљудувачи на македонската страна се Ибраим Ружди, КСС, Марјан Ристески, КСОМ, Блерим Златку, Стопанска комора за северозападна Македонија, Трајан Димковски, Фармерска федерација на Република Македонија.

На состанокот ќе говорат и Џелал Бајрами, министер за труд и социјална политика и Дирк Ланге, директор за проширување во Европската комисија, кој го претставува комесарот за проширување, Оли Рен.

Извор: Форум (23.09.2009)

Во Брисел прв Заеднички консултативен комитет на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија

Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, од денеска присуствува на првиот Заеднички консултативен комитет на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија, што се одржува во Брисел, Белгија.

Имено, Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е домаќин на првиот Заеднички консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија. ЗКК е заедничко консултативно тело кое има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество.  ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.

Во рамките на настанот, меѓу другите, ќе говорат  министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами, и директорот  за проширување во Европската комисија, Дирк Ланге, кој го претставува Комесарот за проширување, Оли Рен.

Двете главни точки на дневниот ред се, следење на  односите меѓу ЕУ и Република Македонија и влијанието на финансиската и економската криза врз Македонија.  ЗКК ќе усвои препораки до Владата на Република Македонија, Советот на ЕУ, Европската комисија и Европскиот парламент.

Ова новоосновано заедничко тело го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија (по 6 претставници од секоја страна) и ќе се среќава двапати годишно. Ќе биде ко-претседавано од г-ѓа Владимира Дрбалова, член на ЕЕСК (Група на работодавачи, Чешка Република) и директор за европски прашања на Индустриската конфедерација на Чешката Република и  Сашо Клековски (Група граѓански организации), извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Членови на македонската страна од група 1 – работодавачи се: Лидија Групчева, ОРМ , Миле Бошков, ЦЕРМ; група 2 – синдикати: Ванчо Муратовски, ССМ, Слободан Антовски, УНАСМ; група 3 – граѓански организации: Сашо Клековски, МЦМС, Дарко Алексов, МОСТ. Постојани набљудувачи на македонската страна се Ибраим Ружди, КСС, Марјан Ристески, КСОМ, Блерим Златку, Стопанска комора за северозападна Македонија, Трајан Димковски, Фармерска федерација на Република Македонија.

Извор: Министерство за труд и социјална политика (25.09.2009)

Почнувајќи од денеска Заеднички консултативен комитет на граѓанското општество на ЕУ и РМ

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) денеска во Брисел ќе биде домаќин на првиот Заеднички консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија.

На собирот најавено е учество на министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами и Дирк Ланге, директор за проширување во Европската комисија, кој го претставува комесарот Оли Рен.

ЗКК е заедничко консултативно тело кое има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.

Ова новоосновано заедничко тело го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија, кои ќе се состануваат двапати годишно.

Извор: Сител (25.09.2009)

Заеднички комитет на граѓанско општество на ЕУ и РМ

Извор: Кирилица (15.09.2009)

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Медиумите за Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК)