Медиумите за ставовите на граѓаните за животот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за ставовите на граѓаните за животот PDF Печати Е-пошта
Петок, 15 мај 2009 10:22

Повеќе медиуми ги објавија резултатите од истражувањето за односот на граѓаните кон животот што го правеше МЦМС како дел од поширокото истражување за општествената одговорност на граѓаните. Подолу се дел од написите и прилозите:

Живот во живо

Гостување на Гонце Јаковлеска од МЦМС во емисијата „Живот во живо“ што се емитуваше на Македонското радио на 20 мај 2009 година.

{mp3}zivot-vo-zivo-mrt-gjk{/mp3}

Извор: МРТ (20.05.2009)

Анкета на МЦМС: Голем дел граѓани не го поддржуваат абортусот, еутаназијата и различната сексуална ориентација

Околу 73 проценти од македонските граѓани не го одобруваат правото на избор во однос на развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација. Поддршката на про-избор - право на избор во однос на развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација е околу 27 проценти, покажуваат испитувањата што ги спровел Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ).

Резултатите од анкетата спроведена во март годинава на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години, а за потребите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, покажуваат  дека ставовите на мажите и жените за родови прашања, вклучувајќи и абортус, се слични и не се разликуваат за повеќе од +/-5 процентни поени, со исклучок на проституцијата.

Истражувањето покажало постоење разлики меѓу етничките Македонци и етничките Албанци, кои се повторуваат меѓу христијаните од православна традиција и муслиманите.

Поддршка на про-избор прашањата има кај околу 31 процент од етничките Македонци и кај 16 проценти од етничките Албанци. Религиозните граѓани ги поддржуваат про-живот прашањата со околу 76 проценти, а  нерелигиозните граѓани со околу 56 проценти. Покрај ваквите ставови и двете групи имаат слични ставови за другите прашања, на пример во неодобрувањето на проституцијата.

Поддршката за про-избор прашањата е најголема во Скопје и таа изнесува околу 40 проценти. На другата страна најмала е поддршката во руралните подрачја со околу 77 проценти.

Резултатите покажуваат и дека не постои значајна разлика врз партиска (идеолошка) основа меѓу десницата и левицата, односно меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.  Меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ поддршката за про-живот е 76 проценти, а меѓу симпатизерите на СДСМ е 67 проценти. Голема разлика нема ниту по прашањето на религиозноста, односно околу 85 проценти од симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ се изјасниле дека се религиозни, а истиот одговор го дале и околу 80 проценти од симпатизерите на СДСМ.

Податоците од истражувањето покажуваат дека повеќето граѓани, или над 80 проценти се религиозни. Само околу 14 проценти се изјасниле дека се нерелигиозни, а околу 1 процент дека се атеисти.

МЦМС го испитувалe оправдувањето на насилството. Мaл lброј граѓани или околу 3 проценти оправдуваат насилство над жената,  а oколу 6,9 проценти над децата. Релативно високото оправдување на тепањето на децата од 20 проценти има кај етничките Албанци.

Извор: МИА (14.05.2009)

Анкета:Мнозинството против абортусот, еутаназијата и хомосексуалноста

skupi_658723224_544011327Околу 73 проценти од македонските граѓани не го одобруваат правото на избор во однос на развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација. Поддршката на про-избор - право на избор во однос на развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација е околу 27 проценти, покажуваат испитувањата што ги спровел Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ).

Резултатите од анкетата спроведена во март годинава на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години, а за потребите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, покажуваат  дека ставовите на мажите и жените за родови прашања, вклучувајќи и абортус, се слични и не се разликуваат за повеќе од +/-5 процентни поени, со исклучок на проституцијата.....

Извор: Алсат-М (14.05.2009)

Македонците се против развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација

abortusРечиси 73 проценти од граѓаните не ги одобруваат овие појави со што земјата се карактеризира како социјално конзервативна средина – покажува испитувањето на македонскиот центар за меѓународна соработка. Поголема поддршка на Про-живот прашањата изразиле религиозните граѓани. Скоро половина од испитаниците што се изјаснила позитивно по овие прашања живеат во Скопје.

Меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не постои значајна разлика во поддршката за Про- живот. Истражувањето покажало дека поддржувачите на двете партии се религиозни. Анкетата е спроведена во март годинава на репрезентативен примерок од 1. 600 испитаници.

Извор: Канал 5 (14.05.2009)

Македонија е социјално конзервативна среднина - Македонците не сакаат да се разведуваат

Македонија е социјално конзервативна средина, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Анализите на МЦМС, покажуваат дека поддршката на про-избор, односно право на избор на развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација изнесува 27,05 отсто, додека поддршката за про-живот, односно неодобрување разводот, абортусот, еутаназијата и сексуалната ориентација изнесува 72,95 проценти.

Иако, малцинство граѓани го оправдуваат насилство врз жената 3,1 отсто и децата 6,9 проценти, бројноста на граѓаните кои тоа го оправдуваат бара понатамошно внимание на овие прашања. Внимание, според МЦМС бара и релативно високото оправдување на тепањето на децата од 19.9 отсто кај етничките Албанци.

Ставовите на мажите и жените за родови прашања, вклучувајќи и абортус, се слични и не се разликуваат за повеќе од пет процентни поени, со исклучок на проституцијата....

Извор: Вечер (15.05.2009)

Македонците тонат во ксенофобија и во нетолеранција, и се полни со стереотипи - Мразиме се!

Македонските граѓани се повеќе тонат во ксенофобија и во нетолеранција, и се полни со стереотипи кон речиси сите маргинализирани групи, покажуваат социолошките истражувања. Според пројавените ставови, Македонците се релативно конзервативни, се противат на развод, на абортус, на еутаназија, а во голем број случаи преферираат смртна казна за тешките кривични деликти. Нетрпеливи се кон хомосексуалците и кон наркозависниците, а, според социолозите, тоа ја прави земјава една од најконзервативните во Европа, потчинета на традицијата и затворена за светските трендови. Стручњаците тврдат дека ова е последица на традиционалното воспитување и на живот во големи семејства со генерациски јаз. Ситуацијата е посложена во малите градови во кои најмногу се цени мислењето на соседите.

Затвореноста и нетолерантноста на Македонците ја потврдува и последното истражување направено по барање на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Резултатите покажале дека повеќе од 80 проценти од граѓаните не ги одобруваат разводот, абортусот, еутаназијата и хомосексуалноста. Анкетата покажува дека и мажите и жените се еднакво конзервативни, без разлика на која партија се членови или симпатизери. Дури 76 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ биле против развод, абортус, еутаназија и хомосексуалност. Од поддржувачите на СДСМ, 67 отсто се против овие појави.

Социологот Илија Ацевски тврди дека Македонците му пркосат на модерното време и тешко прифаќаат различности.

- Социолошките истражувања покажуваат дека живееме во конзервативна средина, а граѓаните во голема мера му противречат на модерното време. Врз ваквиот однос влијаат степенот на развиеноста, долгогодишната транзиција и економската криза. Долгогодишната затвореност на земјата придонесува во последните 5-6 години, наместо да одиме напред, да се враќаме кон минатото и кон традицијата и целосно да се затвораме пред модернизацијата - изјави Илија Ацевски, социолог.

Иако Македонците се конзервативци по природа, сепак од година в година значително расте бројот на разводи и на абортуси. Социолозите оваа контрадикторност ја објаснуваат со фактот дека граѓаните го осудуваат сето она што им се случува на другите луѓе и имаат предрасуди кон нив, но кога проблемот ги засега лично, тогаш имаат повеќе разбирање за сопственото однесување.

Истражувањето покажало, пак, дека Албанците се поконзервативни од Македонците.

Од Македонскиот центар за меѓународна соработка сметаат дека треба да се обрне поголемо влијание на тоа што 3,1 процент од испитаниците прифаќаат насилство врз жената, а 6,9 отсто го оправдуваат ќотекот како педагошка мерка врз децата. Загрижувачки се и податоците според кои дури 19,9 проценти од Албанците биле за тоа да ги тепаат своите деца.

Истражувањето покажало дека и околината влијае врз формирањето на ставовите бидејќи 60 отсто од жителите на Скопје имаат конзервативни сфаќања, што е за 17 отсто помалку отколку жителите во помалите средини.

Анкетата била спроведена во март, на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години, од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, за потребите на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: Време (16.05.2009)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Медиумите за ставовите на граѓаните за животот