Пријави учество на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пријави учество на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 26 gusht 2019 13:17

na

Цивика мобилитас со задоволство ви го најавува фестивалот „Ден на граѓанските организации“ кој по втор пат ќе се одржи на 14 септември 2019 година во 10 часот на платото кај старата скопска чаршија/ плоштадот Скендербег и паркот Ибни Пајко во Скопје.

Доколку сакате вашата граѓанска организација да биде активен учесник на овој фестивал, пријавете се на оваа форма http://bit.ly/nfcm2019 најдоцна до 3 септември до 12.00 часот.

Настанот е отворен за сите граѓански организации.

Ова е одлична прилика за граѓанските организации на лежерен и интерактивен начин да го претстават нивниот придонес во општеството пред пошироката публика. Посетителите ќе можат да се приклучат на многубројните активности и да се информираат повеќе за темите кои ги засегаат од нивниот општествен живот.

Повеќе информации за фестивалот може да најдете на овој Facebook event.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Пријави учество на фестивалот „Ден на граѓанските организации“