Организациите од Маврово и Ростуше имаат недостаток на соработка и човечки ресурси - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организациите од Маврово и Ростуше имаат недостаток на соработка и човечки ресурси PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 02 tetor 2018 12:02

„Постои испрекинатост во работењето на граѓанскиот сектор во регионот. Потребна е поголема соработка и вмрежување на организациите на локално ниво“, изјави Самет Абдули од Националната мрежа за одржлив развој на заедниците во Република Македонија, на средбата што Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) ја имаше со организациите во Маврово и Ростуше на 25 септември. „Исто така, соработката на граѓанските организации со општината и Националниот парк Маврово треба да се подигне на повисоко ниво заради поголема ефикасност и ефективност во работењето на организациите и исполнување на нивната мисија и визија”, додаде Абдули.

Organizaciite od Mavrovo i Rostushe imaat nedostatok na sorabotka i chovechki resursi 1

Активистите од регионот најмногу се интересираа за отворените повици и финансиските можности за поддршка на нивните активности и градење на нивните капацитети, а како голем проблем го посочија недостатокот на човечки потенцијал во регионот. Соработката меѓу општината и граѓанските организации беше наведена како неминовна особено при аплицирање и спроведување на заеднички проекти. 

Средбата беше одлична можност да се промовира и Ресурсниот центар во Гостивар и поддршката што тој ја обезбедува на локалните организации во регионот. 

Organizaciite od Mavrovo i Rostushe imaat nedostatok na sorabotka i chovechki resursi 2

Медат Куртовски, градоначалник на Маврово и Ростуше, којшто членувал во неколку граѓански организации, ја истакна важноста на активното делување на организациите во регионот и покажа целосна отвореност и соработка со Граѓанскиот ресурсен центар се со цел да заживее граѓанскиот сектор во општината. 

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Организациите од Маврово и Ростуше имаат недостаток на соработка и човечки ресурси