Како да се унапреди вклучувањето на граѓанските организации во давањето услуги? - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како да се унапреди вклучувањето на граѓанските организации во давањето услуги? PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 29 dhjetor 2015 10:57

На 16 декември во просториите на клубот ГЕМ Институтот за демократија „Социетас цивилис“ го промовираше краткиот документ за јавни политики „Како да се унапреди вклучувањето на граѓанските организации во давањето на услуги? Состојби, предизвици и можности“ на авторите Јован Близнаковски и Христијан Петрушев.

Kako da se unapredi vkluchuvanjeto na gragjanskite organizacii vo davanjeto uslugi 1

Документот содржи приказ на состојбата на граѓанските организации кои работат како даватели на услуги. Во Македонија, давањето услуги сѐ уште не е дефинирано со законските прописи. Во јавната сфера нема соодветен термин кој би ги опишал ентитетите, јавни или приватни, кои учествуваат во давањето и обезбедувањето услуги за различни категории на граѓани. 

„Социјалните услуги кои ги нудат граѓанските организации влегуваат во доменот на основните функции на државата во рамките на социјалната политика, вклучително социјалната заштита и помош, образованието, здравството, правната помош, а тие, не секогаш се финансиски поддржани од државните органи и институции,“ рече Јован Близнаковски. Спроведувањето од страна на граѓанските организации ќе овозможи помал товар за државните институции, но и поголема помош и поддршка за корисниците на социјалните услуги.

На промоцијата беше истакнато дека не постојат пречки за финансиска поддршка од државата за граѓанските организации кои вршат услуги. Средства кои сега ги добиваат организациите не се ни одблиску доволни за значајно финансирање на социјалните услуги.

Симона Огненовска од МЦМС ја потенцираше потребата од подлабинско издржување на оваа област. „Станува збор за област за која отсуствуваат податоци, анализа и дебата во јавноста и покрај посветеноста и поддршката која организациите ја нудат за обезбедување нормален живот на граѓаните“, рече таа и додаде дека документот од ИДСЦС ќе придонесе кон подобрено утврдување на состојбите во оваа важна област во рамки на Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество за 2015 г.

Kako da se unapredi vkluchuvanjeto na gragjanskite organizacii vo davanjeto uslugi 2

Добрите практики од Словенија за успешното партнерство меѓу државата и граѓанските организации при давањето услуги ги сподели Тина Дивјак од ЦНВОС од Словенија. „За жал, во Македонија, како и во Словенија граѓанските организации се зависни од политичката волја, што доведува до носење на законски мерки за создавање околина за организациите даватели на услуги, што не е ефективно на долг рок“, рече Дивјак. „Социјалните услуги се наменети за луѓето, не за граѓанските организации и тоа не треба да се заборави. Граѓанските организации ги карактеризира посветеноста кон работата, не профитот и токму тоа е причината тие да бидат признаени и препознаени како партнери на националните и локалните власти“ додаде таа.

Иако праксата на препознавање на граѓанското учество на полето на давање социјални услуги од страна на државата сѐ уште е на многу ниско ниво во Македонија, постојат голем број на организации кои учествуваат како даватели на услуги низ различни тематски области. Во рамки на документот беа подготвени и препораки насочени кон подобрување на можностите и политиките за граѓански ангажман во оваа сфера.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Граѓанските организации како даватели на услуги: унапредување на практиките и зголемување на можностите“ спроведен од Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС), а поддржан преку МЦМС од Балканскиот фонд за јавни политики.

Балканскиот фонд за јавни политки се спроведува во рамки на регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. МЦМС, како партнер во регионалниот проект е дел од процесот на доделувањето грантови.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Како да се унапреди вклучувањето на граѓанските организации во давањето услуги?