Осигурување на работниците и детскиот труд меѓу најчестите прашања на тутунопроизводителите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Осигурување на работниците и детскиот труд меѓу најчестите прашања на тутунопроизводителите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 29 gusht 2014 11:38

Пред една година МЦМС го започна проектот „Информирање на земјоделците од општина Кривогаштани“ со кој создаде механизам за комуникација со тутунопроизводителите и работниците кај нив. Преку бесплатната телефонска линија (0800 246 80) и канцеларијата во Кривогаштани, двајцата оператори одговараат на прашања поврзани со работничките права, трудот и земјоделските практики.

2014-07-29 12.29.59

Од октомври, кога официјално започна со работа линијата, до крајот на јули направени се вкупно 263 контакти со заинтересирани земјоделци, а само еден со работник кој бил ангажиран кај нив. Најголем бил интересот во последните два месеци кога се остварени 49 (во јуни) односно, 65 (во јули) контакти.

„До мај оваа година одѕивот на тутунопроизводителите и работниците кај нив беше многу мал“, вели Наташа Димеска една од операторките во канцеларијата во Кривогаштани. „Кон крајот на мај започнавме ние да ги посетуваме, оттогаш нивните посети на канцеларијата како и телефонските повици се удвоија. На терен одиме заедно со регионалните техничари на компаниите за откуп на тутун и тутунопроизводителите не доживуваат како еден тим“, додава таа. Последната недела од мај, како и во текот на јуни и јули направени се вкупно 328 посети. Димеска смета дека посетите придонесле да се воспостави доверба меѓу операторките и тутунопроизводителите и дека по посетата тие полесно комуницираат со нив.

2014-07-30 06.44.18

Најчесто поставуваните прашања се однесуваат на пари. Тутунопроизводителите се интересираат за субвенците, за исплатата на откупениот тутун, за проценката на тутунот. Што се однесува на прашањата поврзани со работничките права и трудот, тие најмногу се интересираат за осигурувањето на работниците кои ги ангажираат како и за детскиот труд. Според неа, досега нема извештаи за вработување на деца во производството на тутун. Тутунската индустрија ја започна оваа програма за јакнење на свеста со цел да ги едуцира земјоделците дека активностите во производството на тутун можат да предизвикаат штета за физичкото и менталното здравје на децата од семејствата на земјоделците.

„Задоволна сум од фидбекот што го добиваме. Нашите корисници полека стекнаа доверба во нас. Мислам дека постоењето и работата на канцеларијата има ефект, а тој ќе биде уште поголем во иднина, затоа што целото ова е процес и бара време. За нас е важно што поголем број од нив да дознае за постоењето на канцеларијата и за тоа што е нашиот фокус на работа, па на тој начин полека да им ја јакнеме свеста за нивните права и обврски“, вели Наташа Димеска.

Проектот е поддржан од Сокотаб, Алијанс Уан Македонија (АОМ) и Филип Морис интернационал менаџмент С.А. (Philip Morris International Management S.A.).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Осигурување на работниците и детскиот труд меѓу најчестите прашања на тутунопроизводителите