Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 09 maj 2011 08:43

На 27 и 28 април оваа година, осум македонски граѓански организации се сретнаа да разговараат за развојната соработка, улогата што Македонија ја има како земја примач на донаторска помош како и улогата која би ја имала во блиска иднина како земја донатор. Консултацијата беше можност ГО да го дискутираат граѓанското општество во контекст на развојна соработка и да ја согледаат потребата за формирање на национална платформа.

Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка

Настанот го организираше МЦМС, Хелсиншкиот комитет МХЦ, Балканската мрежа за развој на граѓанско општество, БЦСДН а го поддржа ТРИАЛОГ, Австрија. Целта на работилницата беше да се разбере односот на ЕУ кон развојната соработка и да се увидат постоечките  развојните политики и инструменти како и да се разгледаат можностите за активно вклучување на Македонија на ова поле.

Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка

Беше презентиран проектот ТРИАЛОГ, целите, активностите историјата и успесите на новите земји членки на ЕУ како и европските политики за  развојна соработка. Дискусијата беше особено интересна кога гостите, Маријан Хуч од СЛОГА- Словенија и Велери Панџаров платформата од Бугарија ги споделија своите искуства со платформите на Бугарија и Словенија со конкретни примери и совети за ГО. Тие потврдија дека за формирање на платформа потребно е многу време и залагање, затоа според нив е потребно да се започне рано додека земјите се уште се во предпристапниот период само на тој начин би имале институции и ГО спремни да работат на развој по пристапот во ЕУ. Настанот е почетна фаза за формирање на развојна платформа и на него беа формирани Координативно тело и Работна група кои ќе го започнат процесот за креирање на национална платформа за развојна соработка.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Прв чекор кон македонска платформа за развојна соработка