Поддршка на МРС во Македонија - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поддршка на МРС во Македонија - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Меѓуверскиот совет во Македонија е формиран од претставници на Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско - методистичката црква. Неговите активности се насочени кон зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу различните религии (христијанството, исламот и јудаизмот), како и промовирање на толеранцијата и соживотот помеѓу граѓаните на Македонија.

Поддршка на МРС во Македонија - извршно резимеУште од 2003 година МЦМС ја спроведува програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија. Од тој период до денес беа правени напори за зајакнување на улогата на МРС, се со цел истиот да ги преземе моделите за соработка помеѓу верските заедници од програмата, кои воедно се покажаа како успешна алатка за надминување на предрасудите. Од тие причини се предлага и овој проект.

Целта на програмата е да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на Меѓурелигискиот совет во Македонија преку поддршка на активностите насочени кон зајакнување на дијалогот помеѓу религиите. Целна група се членови/свештеници на верските заедници (МПЦ, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗРМ), студенти и професори на теолошките училишта.

Со проектот се планира една работна средба на членовите на Меѓуверскиот совет на која ќе ги утврдат нивните приоритетни активности. Поддршката која МЦМС ќе ја обезбеди ќе се однесува на поддршка на конференции и семинари, но не исклучиво. Според проектот се планира организација на две конференции на теми кои се покажале како најзначајни за сите верски заедници, а кои ќе ги утврди самиот МРС. На конференциите ќе учествуваат членови/свештеници од различни верски заедници, студенти и професори од теолошките факултети. Конференциите ќе се одржат во Охрид и Струмица.

Организатор на настаните ќе биде Меѓурелигискиот совет во Македонија, кој ќе биде задолжен за целосно спроведување на активностите. Една од првично предложените активности е конференција за Првичните искуства од воведувањето на веронауката. МЦМС ќе го следи процесот на реализација на активностите.

Очекуван резултат од проектот е дека ќе се зајакнат капацитетите на МРС за организација на настани од ваков вид, потоа ќе се направи добра промоција за неговите напори за градење на дијалогот, ќе се зајакне свеста кај свештенството дека може заеднички да се работи и да се соработува. Доколку одредени настани бидат и медиумски покриени би се остварила можност за запознавање на целокупната јавност за работата на МРС. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон проектните резултати се: дека кај членовите/свештениците од различните верски заедници, како и студените постои интерес за следење на меѓуверски активности, дека самите верски заедници ги поддржуваат активностите на МРС, како и дека МРС покажува иницијатива за организација на активностите.

Сите пет верски заедници имаат свои претставници во МРС што претставува добар услов за организација на активностите. Иако се смета дека ова тело сеуште нема јасен опис на надлежности и е ограничено во поглед на донесувањето на одлуките, се смета дека постои позитивна клима за реализација на планираните активности и дека ризиците за нивно неисполнување се мали. Единствен ризик би бил тесната временска рамка за која се планираат активностите. Временскиот период на спроведување е 30 септември – 31 октомври 2008 година. Финансискиот план на проектот е 400,000 МКД.

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми