Модернизација на рурални заедници - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Модернизација на рурални заедници - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во руралните заедници.

Цел на проектот е модернизација и создавање на услови за одржлив развој во  руралните заедници.

Очекуван резултат од проектот се подобрени услови за работа на општините, пред се во новите надлежности пренесени со процесот на децентрализација.

Целна група на проектот се заедници од руралните средини. Директни корисници се  фокус општините вклучени во програмата ЛРЗ.

Целното подрачје на проектот е рурално, а проектот ќе се спроведе на национално ниво. Со проектот предвидено е да бидат офатени 5 фокус општини.

Активности предвидуваа поддршка на општините за поуспешно работење во следните области: заштита и уредување на животната средина, образование, урбанистичко и просторно планирање, финаниско и административно работење, противпожарна заштита, локален економски развој.

Со проетот се предвидува обуки и техничка поддршка на локални иницијативи кои ќе овозможат подоби услови во работата на општините, пред се во новите надлежности каде што општините имаат проблеми (капацитети за пошумување и одржување на животната средина; создавање на услови за подобро образование; иницијативи за подобро урбанистичко и просторно планирање, капацитети за противпожарна заштита и сл.). Покрај ова, проектот предвидува поддршка на руралните општини за модернизација на нивното административно и финансико работење преку обезбедување на соодветни софтвери за работа и евиденција, како и обука за користење на истите.

Со проектот приоритет ке добијат фокус општините кои не се опфатени со други проектни/програмски поддршки на МЦМС (Велес, Чашка, Теарце, Сарај, Конче, Лозово, Старо Нагоричане). Изборот на општините ќе виде направен врз основа на пројавен интерес (иницијативност), сопствено учество и мечирање со други фондови.

Целокупната реализацијата на сите активности се одговорност на МЦМС и општините.

Можен ризик за спроведувањето на проектот е пролонгирање на временскиот период заради можните парламентарни избори кои ќе го одвлечат фокусот на заедниците во предизборната кампања, вклучително и спроведувањето на самите избори.

Временскиот период на спроведување на проектот е од 29 февруари до 30 септември 2008.

Буџетот изнесува 730,000 МКД. Сите средства се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de).

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми