Истражување на јавното мислење за граѓанските организации - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Истражување на јавното мислење за граѓанските организации - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Успехот на работата на граѓанските организации значително зависи и од информираноста и заинтересираноста на пошироката јавност во целата земја, односно од јавното мислење. Особено што граѓанските организации ги застапуваат интересите на граѓаните. Потоа, граѓанските организации влијаат врз многу елементи на општеството што бара и поширока поддршка и признание од сите сектори во него.

igo101Општа цел на проектот е да креира овозможувачка околина и поддршка за понатамошен развој на граѓанското општество во Македонија. Цел на проектот е да се испита довербата на граѓаните во граѓанските организации и актерите во граѓанските организации.
Целна група на проектот се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се 6000 граѓански организации во Република Македонија и други актери од граѓанското општество. Целно подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје, додека дел од активностите ќе се спроведуваат низ целата земја.

Очекуван резултат на проектот се добиени податоци за довербата на граѓаните во граѓанското општество, односно: колку се информирани граѓаните за граѓанското општество; како граѓаните го перципираат граѓанското општество и нивната улога во нив; и колку граѓаните веруваат дека организациите од граѓанското општество ги застапуваат нивните интереси.

За реализација на проектот се предвидени следните активности:

Опис на надлежности на истражувањето
Испитување на довербата во граѓанското општество
Извештај за довербата во граѓанското општество

Периодот на спроведување е 1 јули – 31 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: јавноста е заинтересирана за учество во анкетата за довербата во граѓанското општество; и граѓанските организации се подготвени да се соочат со јавното мислење за граѓанското општество.

Информации за проектот ќе се достават до сите членки на ГПМ, како и до останатите клучни чинители во земјата и странство. Координацијата ќе се одвива по електронски пат, како и со писмено известување, согласно начинот на комуникација со различните актери.

По публикувањето на извештајот од истражувањето за довербата во граѓанското општество ќе се организира промотивен медиумски настан. На настанот ќе бидат поканети националните и локалните електронски и печатени медиуми, како и останатите клучни актери од деловниот и од владиниот сектор за граѓанското општество. Исто така ќе бидат поканети не само здруженијата на граѓани и фондации туку и црквите и верските заедници, како и синдикатите.

МЦМС е одговорен за спроведување на проектот.

Можен ризик е зафатеноста на вклучените страни во проектот со други веќе преземени обврски да влијае на одложување на спроведувањето на анкетата да се спроведе наместо во првата половина на јули, во септември 2008 г. Ова може да доведе до одложување на обработката на податоците, што ќе влијае на понатамошните активности. Постои ризик граѓанските организации да не бидат подготвени финансиски да учествуваат во истражувањето. Друг ризик е планираните човечки ресурси за анализата на наодите да не можат навремено да учествуваат во проектот. Навременото планирање и известување на соработниците ќе го намали ризикот.

Проектот ќе биде финансиран од Службата за црковен развој (ЕЕД) и вклучените организации во истражувањето.

Буџетот изнесува  630.708 денари.

 

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми