Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот е Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.

orr101Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).

Очекуван резултат на проектот е: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на грѓанскоот општество.

Активностите предвидени со овој проект се следниве: Финансиски советувања за граѓански организации, Проект менаџмент за максимални постигнувања, Односи со јавност, Стратегија за успех, Раководење и развој на човечки ресурси, Напреден менаџмент, Добро владеење/Управување во граѓански организации, Финансиско раководење за почетници, Застапување и лобирање.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните цели се: Активистите на граѓанските организации се заинтересирани за развој на своите вештини и знаења; ГО и другите актери на граѓанското општество се свесни за своите организациски и институционални слабости и волни се да ги подобрат; Активистите и волонтерите на ГО се заинтересирани да се здобијат со нови знаења на обуките; Другите актери на граѓанското општество се мотивирани за развој на организациските капацитети.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на општата цел на проектот: Учесниците од обуките ги применуваат стекнатите знаења во нивните организации; Активностите преземени од другите ГО, од државата и другите актери од областа на граѓанското општество се комплементарни со проектот и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма ќе бидат обезбедени од ЕЕД како и од сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците.

Временскиот период на спроведување е 01 февруари – 20 декември 2008 година.

Буџетот изнесува 2.250.000 МКД (директни трошоци).

 

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми