Ќе се развиваат седум предлог проекти |
E hënë, 24 shtator 2012 08:54 | |||
На 20 септември 2012 година се одржа третата форумска сесија во општина Желино. Во просториите на ОУ “Луиѓ Гуракуќи во с. Желино, осумдесетина граѓани разговараа концептите што ги подготвија работните групи: Изградба на втора фаза на ОУ “Пашко Васа“ во село Копачиндол; Опремување со основен инвентар на училиштата во о. Желино; Доградба и опремување на библиотека и кабинет за информатика во ОУ “Луиѓ Гуракуќи“ во село Желино; Изградба на спортски терени во три ОУ во с. Групчин, с. Чифлик и с. Дебрце и Поставување на пристапни рампи за децата со посебни потреби. Дискусијата за овие концепти поттикна двајца граѓани да истакнат уште два предлога за развивање на предлог проекти и тоа за изградба на ОУ во село Новосело за изградба на ОУ во село Мерово. Сите предлози ја добија поддршката на форумот и ќе бидат доработени како предлог проекти. „Трет пат сум на форумска сесија и доаѓам со задоволство затоа што овде имаме можност слободно да се изразуваме и да предлагаме решенија,“ реле Неим Усеини, од с. Желино. За Себинас Авдиу, од с. Дебрце, оваа сесија беше прва средба со форумскиот процес. „Секоја чест на организаторите, за прв пат видов една средина каде сите разговараа за секој проблем. Посебно ми се допаднаа презентациите каде што видов дека е вложен сериозен напор, соодветена селекција на темите на концепти“, рече тој. Пред крајот на сесијата беа формирани работни групи за развивање на концептите во предлог проекти. Следната форумска сесија ќе се одржи на 9 октомври 2012 година.
|