Доброто управување во изборните програми - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доброто управување во изборните програми PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Дата: јули 2020
Автори: Наташа Димова
PDF: dobroto-upravuvanje-vo-izbornite-programi.pdf

dobroto upravuvanje vo izbornite programiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во март 2020 г. започна повеќе активности за вонредните парламентарни избори во рамките на проектот Мојот избор. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2020г. од аспект на предлози и решенија за добро управување. Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Еден од најголемите предизвици на македонското општество е примената на практиките на доброто управување засновани на владеењето на правото и демократијата, учеството, независноста на институциите, пред сè на судството, ефикасноста и ефективноста на сите нивоа и подрачја, особено на државната администрација, како и транспарентноста и отчетноста кои се одговор на борбата против корупцијата. 

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Hulumtime