Регионална мрежа за антикорупција (РМА) [2018-2022] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионална мрежа за антикорупција (РМА) [2018-2022] PDF Печати Е-пошта

Доброто владеење и борбата против корупцијата како негов значаен елемент се стратешки цели на МЦМС за поттикнување на демократските процеси во Македонија и регионот.  Намалувањето на корупцијата бара соодветни мерки за институционално градење и создавање социјални предуслови за воспоставување на владеењето на правото. Во тој контекст, граѓанските организации можат да придонесат преку воспоставување заеднички коалиции, но и соработка со владини, граѓански, приватни и меѓународни партнери за да дејствуваат по конкретни прашања. Успешен пример во изминатите години кој преку размена на знаења и искуства креираше платформа на граѓански организации активни во полето на добро владеење и антикорупција е Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) во која МЦМС членува од 2013 г.,  а од 2017 г. ја презема улогата на координатор на мрежата.

Општа цел на програмата е зголемено влијание на граѓанското општество во јавните процеси на донесување одлуки и реформи во Западен Балкан во областа на добро владеење и спречување на корупцијата преку застапување, мониторинг на политики и надзор.

Цел на програмата е да ги прошири и продлабочи антикорупциските дејствија од законска постапка кон по основано економско делување, како што се решавањето на врската меѓу корупцијата и скриената економија и корупцијата и организираниот криминал. Понатаму, цел на програмата е и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за структуриран дијалог и граѓанско општество преку мрежно поврзување и соработка со други организации, државните институции и институциите на ЕУ, на регионално, национално и локално ниво. Програмата ќе се стреми и кон зголемување на бројот на ГО поддржувачи во борбата против корупцијата преку програма за мали грантови за градење на капацитетите, споделување на информации и методологии.

Целна група се граѓанските организации, како и сите критични институции кои се креатори на политики со посебен осврт на економски политики, како што се органите за конкуренција, регулаторните тела одговорни за лиценцирање како и други регионални мрежи.

Очекувани резултати на програмата се: 

  1. Просторот за граѓанското општество во областа на антикорупцијата и доброто владеење е зголемен; 
  2. Зајакнато е партнерство со граѓанските организации и функционална е активна мрежа за зголемување на влијанието на граѓанските организации врз креирањето на политиките; 
  3. Зајакнати се капацитетите за внатрешен мониторинг и застапување како и зголемена е ефективната политичка комуникација со други засегнати страни и пошироката јавност.

Активности кои ќе придонесат кон постигнување на резултатите се:

  • градење на капацитетите на граѓанските организации,
  • подобрување на дијалогот помеѓу граѓанските организации и државните институции,
  • примена на сеопфатна методологија за следење и проценка на корупцијата,
  • програма за мали грантови, управување, следење и известување.

Програмата ќе даде повеќе продукти како на пример:

  • Извештаи за состојбите и динамиката на корупцијата во земјите од Западен Bалкан;
  • Регионални извештаи за антикорупција;
  • Методолошки и практични обуки;
  • Извештаи за заканата од заробена држава;
  • Проценка на спроведување на антикорупциските политики на институционално ниво;
  • Кратки извештаи за јавни политики;
  • Мали грантови, итн.

МЦМС ќе ја спроведува програмата во соработка со Центар за изучување на демократијата, Албански центар за економско истражување, Институт за демократија и медијација, Центар за цивилни иницијативи, ЗаштоНЕ, Партнерство за социјален развој, Институт Риинвест, Институт за демократија Социетас Цивилис- Скопје, Центар за демократска транзиција, Институт Алтернатива, Центар за современи политики, Турска фондација за економски и социјални студии.

Периодот на спроведување е 10 мај 2018 г. – 09 мај 2022 г.

Најголем дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од ЕУ (88,06%). Средства за кофинансирање се обезбедени од МЦМС и партнерските организации. 

Буџетот изнесува  69.761.543 МКД.

Веб-страница на програмата: https://seldi.net/

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми