Организациски развој на актерите на граѓанското општество |
|
Општа цел на програмата е да придонесе кон развој на ефективно граѓанско општество кое ги адресира приоритетните општествени потреби и иницира и постигнува промени во општеството. Во програмата ова е планирано да се постигне преку целта на програмата која е: развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.
Целата интервенција за постигнување на поставените цели е организирана во три очекувани резултати:
- Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија;
- Зајакнати организациски капацитети на актерите на ГО во Македонија; и
- Утврдена можноста за изводливост на тренинг центар
Активностите во програмата се поделени во редовни и скроени. Тие како инструмент за нивна реализација ги користат: обуката, консултациите и истражувањето.
Целна група на програмата актерите на граѓанското општество, односно формалните и неформалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).
МЦМС е целосно одговорна за спроведување на програмата.
Средствата за спроведување на оваа програма ќе бидат обезбедени од Данската Црковна Помош (ДЦА), Евангелската Црковна помош (ЕЕД) како и сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците.
Завршени проекти:
|